Постои мислење за тоа дека оној човек кој поседува на својата дланка паралелна линија со „линијата на животот“ – е неверојатно среќен. Неволјите секогаш ги заобиколуваат, а среќата никогаш не ги напушта во текот на животот.
Таквата линија е вистинска реткост. Уште ја нарекуваат и „линија на ангел-чувар“. Тоа значи дека тоа лице се наоѓа под посебна заштита на својот ангел чувар или повеќе сили. Поинаку ја нарекуваат „линија на Марс“, а некои ја нарекуваат и втора „линија на животот“.
Луѓето кои ја поседуваат оваа линија на дланката се исклучително среќни. Тие, по некое чудо остануваат живи и после некои страшни катастрофи и несреќи, поседуваат одлично здравје, не доживуваат материјални потешкотии, лесно ги надминуваат препреките на животниот пат. Ако имате среќа да ја имате оваа линија на својата дланка – бидете благодарни!
Варијанти на оваа линија:
-Паралелно со линијата на животот по цела должина – ова е одличен знак! Човекот со таков знак ќе биде заштитен од својот ангел чувар целиот свој живот.
-Мал дел од линијата, кој минува покрај линијата на животот (едвај видлив или испрекинат) – носителот на таквиот знак го очекуваат животни проблеми и неволји, кои подоцна ќе го заобиколат.
-На десна рака – покровителството од ангел чуварот е дарувано поради некои негови посебни, лични заслуги. Тоа може да бидат направени добри дела или претрпени тешки страдања.
-На левата рака – покровителството од ангел чуварот е дарувано од монентот на раѓањето. Таквите појави често се наследуваат од предците.