Американка открила тајна врата во подрумот на нејзината баба, а кога ја отворила следело вистинско изненадување! Видеото можете да го погледнете подолу.

Како деца, сите сакавме да си играме во подрумите и таваните – таму навистина можеше да се најдат неверојатни „богатства“.

Она што една млада Американка го открила во подрумот на нејзината баба, сепак, е надвор од вашите најлуди претпоставки!

Се испостави дека во куќата на бабата се крие вистински „бункер на судниот ден“, пишува Дејли Стар.

Во видеото кое собра повеќе од 354.000 лајкови, Кајли открива дека зградата во која неодамна се вселила нејзината баба најверојатно му припаѓала на „преживувач“ кој го поминал своето време подготвувајќи се за крајот на светот.

Таквите луѓе складираат храна и градат засолништа за да преживеат хипотетичка глобална катастрофа.

Мајката на три деца во подрумот пронашла цврста врата со механизам за заклучување.

По многу претурање во подрумот, конечно открила дека механизмот го отворила паметно дизајнирана „лажна“ цевка. Кога конечно ја отворила вратата, на Кајли и бил откриен влезот во специјално опремениот подрум.

Кајли забележува дека кога првпат слегла во бункерот, пронашла голема количина конзервирана храна и свеќи.

Сепак, ова беа далеку од сите изненадувања во подрумот на баба и! Зад скриениот панел се наоѓала просторија со висина на таванот од околу 1,6 метри, поделена на две прегради.

Едниот содржел три кревети на спрат, а другиот со софа кревет и пумпа за вода. Дополнително, во бункерот биле соодветно поставени гас-маски!

Исто така, се покажало дека сопственикот на куќата изградил и тајно складиште подалеку од бункерот. Во ѕидот имало и страничен отвор преку кој се влегувало и однадвор.

Кајли вели дека тајната соба на која налетала е „најдоброто нешто во оваа куќа“.

Корисниците на TikTok беа воодушевени од нејзиното видео и брзо го означија бункерот како скапоцено откритие.

„Оваа куќа е богатство“, „Сте налетале на скапоцен камен. Особено во денешниот свет“, „Супер кул“, се дел од коментарите на нејзиното видео кое можете да го погледнете ОВДЕ:

@itsmecarlys

Best thing about coming to this house. #doomsdaypreppers #bunker #endofdays #coolhouse #housetour

♬ original sound – It’s me Carly