Фото и рецепт: Едина Пшорн

Потребни состојки:

4 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици остро брашно
½ прашок за печиво
+ по 1 лажица какао во двете кори, третата останува жолта

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги во цврст снег. Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи, па додадете го брашното помешано со какао.

Смесата соединете ја со снегот од белки, но мешајте внимателно со лажица за да остане пенлива. Потоа рамномерно распоредете во плех со средна величина, намастен и набрашнет или обложен со хартија. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Се печат три вакви кори, од кои во едната не се става какао.

За фил:

500 мл млеко + 150 мл за промешување на пудингот
3 пудинзи (2 од ванила и 1 малина)
6 лажици шеќер
4 лажици густин
200 г путер
150 г исечкани желе бонбони

Постапка:

Прашокот за пудинзи и 4 лажици густин разматете ги во една шолја за кафе млеко, убаво да нема грутчиња. Половина литар млеко савете на оган со 6 лажици шеќер, па откако ќе зоврие, намалете го огнот и со постепено додавање на разматениот пудинг, сварете густ крем.

Пудингот оставете го да излади со повремено промешување за да не фати коричка, а потоа во него додадете пенасто изматен путер на собна температура и убаво соединете. Потоа додадете ситно сечкани желе бонбони.

Редење на колачот: Темна кора, фил, светла кора, фил, темна кора. Исечете го колачот на коцки, а потоа прелите го со топол сируп.

За сируп:

2 шолји шеќер
3 шолји вода

Постапка:

Ставете на оган да зоврие и варете додека шеќерот убаво да се растопи. Ладниот колач полека полевајте го со топлиот сируп (не врел), па оставете да излади.

Кога колачот добро ќе излади, одозгора прелијте го со чоколаден прелив: околу 150 г темно чоколадо со 200 мл топла слатка павлака. Оставете малку да излади а потоа со миксер изматете го. Рамнемерно распоредете и украсете со свежи малини. Внимателно сечете со нож натопен во врела вода, а после секој засек бришете го со салветка и повторно натопувајте го во врела вода.

Фото и рецепт: Едина Пшорн