Алуминиумската фолија е неизоставен елемент од секоја кујна. Таа служи за обвиткување и пакување на храната, за покривање на деликатни јадења додека тие се печат во рерна, за обложување на храната и ред други работи поврзани со храната…




Но сепак, оваа интересна кујнска алатка има уште најмалку 10 невообичаени фукции за кои досега, најверојатно не сте слушнале. Кога ќе ги прочитате овие необични мудроштини кои ги изумиле досетливите домаќинки, ќе бидете навистина воодушевени, бидејќи со нивна помош ќе заштедите и време и пари.




Одржете ја свежината на храната. Доколку сакате лебот и колачите да ви останат свежи до доаѓањето на гостите, после печењето завиткајте ги во алуминиумска фолија, а потоа покријте со памучна, кујнска крпа. Лебот и колачите ќе останат топли уште неколку часа.

Подгответе печено сочно месо. За подготовка на сочно месо, врз тавата за печење ставете алуминиумска фолија. Исто така може да направите импровизиран капак за тенџере, така што ќе ставите фолија врз него и ќе ја прицврстите по должина на рабовите.




Вратете го сјајот на кујнскиот прибор. Ако вашиот сребрен прибор го изгубил сјајот, алуминиумската фолија ќе ви помогне да го вратите истиот и да изгледа како тукушто да сте го купиле од продавница. На дното на тенџерето ставете алуминиумска фолија низ целата површина, а потоа додајте 2 супени лажици сол и вода.




Сребрениот прибор ставете го во тенџерето и почекајте 3 минути. Потоа, приборот извадете го од водата и оставете го да се исуши, а на крајот пребришете го со памучна крпа за добие висок сјај.

Исчистете ги загорените тави и тенџериња. Доколку тенџерињата ви се подгорени и имаат многу дамки, алуминиумската фолија нуди совршен начин да ги поправите. Направете топка од алуминиумска фолија и изрибајте ги загорените површини и масните дамки.




Олеснете го пеглањето. Под покривката на даската за пеглање ставете алуминиумска фолија. Моќта за апсорбирање на топлината од покривката ќе биде многу поголема, а со тоа ќе заштедите драгоцено време, но и топлинска енергија. Алиштата перфектно ќе бидат испеглани.




Исчистете ја пеглата. Пеглата треба редовно да се чисти, за да не се соберат дамки и нечистотија кои потоа ќе ја извалкаат свежо испраната облека. За да ја исчистите пеглата, ставете сол во алуминиумска фолија, а потоа превиткајте ја. Потребно е пеглата да биде загреана, а потоа поминете врз фолијата и солта магично ќе ја отстрани нечистотијата од пеглата.




Наострете ги ножиците. Исечете неколку ленти алуминиумска фолија и превтиткајте ги. Потоа со ножиците исечете ги лентите на повеќе места. По неколку поткаструвања, ножиците ќе бидат наострени. Ова е стар и многу ефикасен трик кој редовно се употребува во училиштата за острење на училишните ножички.




Исчистете го накитот. За вашиот накит повторно да изгледа како нов, дното на тенџерето покријте го со алуминиумска фолија исто како за чистење на кујнскиот прибор. Во него ставете вода и половина лажичка детергент за перење алишта. Ставете го накитот во тенџерето и оставете го да отстои околу 5 минути. Потоа исплакнете го и оставете го да се суши.




Омекнете го кафеавиот шеќер. Кафеавиот шеќер е поздрав во споредба со белиот, бидејќи содржината на витамини и минерали е поголема. Карактеристично за кафеавиот шеќер е тоа што се згрутчува и со текот на времето може да се скамени, па станува тежок за употреба.




За да го омекнете, парчињата/грутките кафеав шеќер завиткајте ги во алуминиумска фолија и оставете ги 5 минути во загреана рерна на 180 степени. Шеќерот ќе се врати во првобитна состојба, без да се растопи (внимавајте на времето), а потоа може да го користите како засладувач на кафе или да го ставите во подготовка на омилените колачи.