САЛАТА ОД МОРКОВ И ЦВЕКЛО
Потребни состојки:
250 г рендан морков
250 г рендано цвекло
1 лажичка алга во прав (спирулина, хлорела, келп)
2 лажици маслиново масло
Прстофат хималајска сол
1 лажичка ленено семе
1 лажичка семки од сончоглед (непечени)
1 лажичка семки од тиква (непечени)
3 гранчиња босилек
Малку рузмарин, магдонос
Сок од еден лимон
Постапка:
Убаво со чисти раце измешајте ја салатата, и малку притискајте низ прстите, за да се поврзат сите вкусови.