Скромна сте, умерена, срамежлива, несигурна? Тогаш, иако можете лесно да ги промените нештата, сепак вие сте главниот проблем поради кој може да дојде до pаспаѓање на вашето семејство, смета Александар Палијенко.
Некогаш било нормално жената да седи дома и да се грижи за домот и децата. Во тие времиња девојчињата од мали ги учеле за домаќинството, дури имало и специјални школи за таа намена.
Денес не е веќе така, за повеќето… Сепак, влијанието од старото време, во некои места сè уште е задржано. Жената денес има милион обврски, се грижи за целото семејство, за домот и за успешната кариера.
Само мал број од нив успеале да се отргнат од вителот и да се задржат само на една од обврските – семејството или кариерата. Што е подобро од овие две? Што е суштината за среќно семејство?
На овие прашања се обиде да даде одговор попyлаpниот мотивационен говорник Александар Палијенко: „Жено, кога имаш нешто да кажеш, едноставно – кажи! Кога премолчуваш и ги потиснуваш своите емоции, ти вpшиш пpедавcтво врз најмилите.
Жената не мора да објаснува зошто, но многу е важно да каже како се чувствува. Мажот никогаш нема да и ги прочита мислите и нема дури ни да насети како таа се чувствува во врска со нештата, ако самата таа не му ги каже и објасни.
Кога жената се грижи за семејството, својата неисполнетост и својата pазочаpаноcт ја пренесува врз децата. Кај децата пак, тоа се манифестира преку нарушено здравје, проблеми и често влегување во неволји.
Може да дојде до распад на семејството доколку жената: има потенцијал, но не го користи до максимум; се занемарува самата себе, бидејќи има нарушена самодоверба и се чувствува инфериорно;
Кога е срамежлива, несигурна и смета дека нејзиното име и постоењето не значат ништо; кога не ги искажува своите мисли на правилен начин, а своите потиснати емоции ги манифестира преку гpyбост и ладен од нос.
Од друга страна, кога жената е среќна и исполнета, таа комуницира на еднакво ниво со сите членови во семејството. Тогаш својата енергија ја претвора во енергија на среќа и радост, а истата таа позитивна енергија се пренесува врз сопругот и децата.
Кога жената ќе каже: „Не ја сакам таа колешка на работа“ или проектот кој и е наметнат, мажот не треба да ја прашува „зошто“, туку тој треба да умее да ја разбере. Жената мора да си ги изразува емоциите, а мажот треба да разбере дека доколку кај жената нема позитивна и креативна енергија, тогаш нешто сериозно не е во ред. И не е важно зошто, важно е тоа да се промени.
Ако жената сака да постигне нешто повеќе, да го заврши пропуштениот факултет, на пример, или да напредува во кариерата, тогаш мажот треба да биде нејзината најголема поддршка. Подоцна заедно ќе ужи ваат во плодовите од нејзината креативност, труд, работа и позитивност.
Развојот на мажот, исто така влијае врз енергијата на жената. Ако тој се развива, а жената не, тогаш таа нема да го сака неговиот успех и работа, колку и да му носи пари истата, бидејќи парите не можат да го надоместат чувството на неисполнетост.
Од тие причини, онаа старата идеја дека мажот треба да заработува пари, а жената да седи дома и да се грижи за домот и децата, не е добра. Секако, доколку на жената тоа не и е доволно“, заклучува Александар.