Повеќето луѓе се во голема заблуда дека покачено ниво на шеќер во крвта имаат само дијабетичарите. Реалноста е целосно поинаква – било кое лице може да пати од оваа состојба, а да биде целосно несвесна, колкава штета трпат нервите, крвните садови и органите секојдневно, поради вишокот шеќер!

За да спречите поголеми компликации со здравјето, многу е важно да умеете да ги препознаете предупредувачките симптоми, за да можете повторно да воспоставите рамнотежа и нормално функционирање.

ПОСТОЈАН ГЛАД

Високото ниво на шеќер во крвта ја спречува глукозата да навлезе во клетките. Поради тоа телото не добива доволно енергија и постојано бара храна.

ЗГОЛЕМЕН УМОР

Кога во телото имате премногу шеќер, телото ја губи способноста правилно да ја складишти и апсорбира глукозата. Енергијата се користи неефикасно, а клетките не го добиваат прекупотребното “гориво”. Поради тоа може да се чувствувате исцрпено, а не знаете од која причина.

ЧЕСТО МОКРЕЊЕ

Ако нивото на шеќер во крвта е премногу високо, бубрезите не можат да ја реапсорбираат течноста. Тогаш телото се обидува да ја изедначи концентрацијата на глукозата во крвта и во клетките, па ја раствора крвта со интраклеточна течност, и така нивото на глукоза се доведува во нормала. Овој процес резултира со зачестена потреба за мокрење.

СУВА УСТА, КОНСТАНТЕН ЖЕД

Оваа состојба всушност говори за голем губиток на течности. Хипоталамусот (дел од мозокот) кој го проценува нивото на дехидратација и испраќа сигнал за жед, ќе испрати и одговарачки сигнал до мозокот дека сте исклучително жедни. Многу е важно во тој случај да пиете многу вода или незасладен чај.

ГУБИТОК НА ТЕЖИНА

Кога нивото на шеќер во крвта е над границите, може да се случи за крако време нагло да ослабете, па дури и ако не ја менувате исхраната.

За ова постојат неколку причини: Течноста која е изгубена поради честото мокрење доведува до ниско ниво на течност во целото тело, а како резултат на тоа се добива губиток на тежина. Ако нивото на инсулин не е доволен за метамолизам на глукозата, телото ќе започне да ги користи мастите како енергија. Високото ниво на урина заедно со високото ниво на глукоза, го тера телото да согорува повеќе калории.

ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ

Инфекции на уринарниот тракт и габичните инфекции можат да се развијат и кај мажите и кај жените. Сепак, почести се кај жените кои имаат високо ниво на шеќер во крвта и дијабетес, бидејќи преголемите количини на шеќер создаваат погодна подлога за размножување на бактерии и габички.

СУВА КОЖА

Сувата кожа може да биде последица од високо ниво на шеќер во крвта, на неколку начини:

-поради често мокрење кое доведува до дехидратација

-проблеми со кожата во пределот на нозете може да бидат знак за атеросклероза

-оштетените нерви можеда ја пореметуваат функцијата на потните жлезди

ПРОБЛЕМ СО ЦИРКУЛАЦИЈА

Високото ниво на шеќер во крвта спречува влез на глукоза во мозокот, односно негова исхрана. Ова се одразува врз брзината на размислување и донесување на одлуки.

ЗАМАГЛЕН ВИД

Клетките на окото се деформираат и очите ја губат способност за добар фокус и изострување.

СПОРО ЗАРАСНУВАЊЕ НА РАНИТЕ

Ова се случува поради отетување на крвните садови.

ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА КАЈ МАЖИТЕ

Здрава ерекција бара и здрави нерви, добра циркулација и баланс на хормоните. Високото ниво на шеќер во крвта ги погодува сите овие системи.

ИРИТАЦИЈА И НЕРВОЗА

Науката докажала дека луѓето со високо ниво на шеќер во крвта се анксиозни, лесно се нервираат и склони се на депресија.

Мозокот е зависен од редовно снабдување со глукоза, а наглите скокови се одразуваат многу негативно. Поради тоа расположението се влошува.

Шеќерот исто така, влијае врз апсорпција на нутриентот одговорен за расположението – ХРОМОТ.

Овој минерал е неопходен за да се одржи стабилно нивото на шеќерот, бидејќи инсулинот кој ја чисти глукозата од крвта, не може правилно да работи без него.