Вака брзо приготвена пита ќе ве cпаси во секоја ситуација. Ви ја предлагам оваа пита со фил од месо, но секако, вие можете да ја приготвите со фил по ваш вкус, сладок или солен, по ваш избор, а во продолжение прочитајте го рецептот за прелиени погачици:
(прв рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, ½ лажичка сол, 1 шолја (од 250 мл) јогурт на собна температура, 1 шолја брашно, 1 лажичка сода бикарбона (или прашок за печиво). ЗА ФИЛ: 300 г мелено месо, 2-3 главици кромид, сол и црн пипер по вкус.
ПОСТАПКА: Состојките се за мал калап или тепсија, а висе слободно зголемете ги двојно или тројно, во зависност од количината што сакате да ја добиете. Измешајте го јогуртот со содата и оставете да отстои 5 минути. Потоа додајте ги останатите состојки за тесто и добро промешајте.
Тепсијата во која ќе ја печете питата намастете ја со масло или путер, па малку наросете ја со брашно, а вишокот истресете го. Значи, како што напоменав, за оваа количина не е потребна голема тепсија (јас користам тркалезна со 20 см во пречник), а за двојна количина користете поголема.
Излејте половина од тестото во тепсијата, рамномерно наредете го филот, па одозгора прелијте го вториот дел од тестото. Ставете да се пече во загреана рерна и печете 40 минути на 170 степени.
(втор рецепт) Меките погачи се најдобри за почеток на денот. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 180 мл топло млеко, 2 јајца, 60 мл топла вода, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 2 лажички сув квасец, 50 г растопен путер, 1 жолчка и 2 лажици млеко – за премачкување.
ПОСТАПКА: Во еден сад измешајте брашно, сол, шеќер и сув квасец. Потоа во таа смеса додајте млеко, вода и јајца, па замесете мазно тесто. Тестото треба да биде меко и малку лепливо за раце, не премногу.
Кога ќе го измесите, тестото оставете го на собна температура да стасува покриено со фолија додека да се удвои. Префрлете го тестото на набрашнета површина и повторно, лесно премесете го. Формирајте валјак и поделете го 5 делови, а од секој дел формирајте топче.
Топчињата само малку сплеснете ги со дланката и редете ги во плех обложен со хартија. Покријте ги со крпа и оставете ги 15-тина минути. Потоа премачкајте ги одозгора со разматена жолчка со малку млеко и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 степени или во зависност од рерната.
(трет рецепт) Прелиени погачици со сирење, млечен вкус и мирис. Се приготвуваат многу едноставно и одлични се за вечера или појадок. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл топло млеко, 1 супена лажица сув квасец, 1 супена лажица шеќер, 100 мл топла вода, 100 мл масло, 1 белка, 550 г брашно, 1 лажичка сол. За прелив: 200 мл јогурт, 2 лажици кисела павлака или кисело млеко, 1 жолчка и сусам за наросување по желба.
Фил: ситно сирење, шунка или по желба. ПОСТАПКА: Во еден длабок сад ставете 100 мл топло млеко, една супена лажица сув квасец и една супена лажица шеќер. Промешајте и оставете на топло 10-тина минути додека да се активира и запени. Потоа додајте 100 мл топла вода, 100 мл масло и една белка. Брашното постепено додавајте го и една лажичка сол.
Прво мешајте со лажица, а потоа замесете и со рака. Тестото пренесете го на работната површина, а потоа убаво измесете го околу 5 минути додека да стане мазно, меко и нелепливо. Измесеното тесто стабете го во сад, затворете го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува додека да ја удвои величината.
За да се забрза процесот, можете да го ставите во рерна вклучена на 40-50 степени околу половина час. Потоа тестото премесете го и поделете го на 8 делови. Од секој дел формирајте топче , со дланките развлечете го, филувајте го со дробено сирење или фил по ваша желба, па затворете го и формирајте ја погачицата.
Вака формираните погачици редете ги во намастен плех со средна величина (може и да го обложите со хартија). Покријте ги со најлонска кеса и крпа и оставете ги да стасуваат на топло место околу 40-тина минути.
За тоа време пригответе го преливот: 200 мл јогурт измешајте со 2 лажици кисела павлака и 1 жолчка. Промешајте за да се изедначат состојките, а потоа добиениот прелив рамномерно истурете го врз стасаните погачици.
Одозгора наросете ги со сусам и ставете ги во загреана рерна на 200 степени, да се печат околу 20 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.