Без правосмукалките тешко може да се замисли современиот живот. Ги има во разни форми, величини и со различна моќност, но заедничкото кај сите нив е да ја смукаат прашината и од најнедостапните места.
Можеби најпрактични се оние кои наместо кеси за резервоар на ѓубрето, користат садови со вода, од кои многу лесно се исфрла исмуканата нечистотија. Меѓутоа, ваквите правосмукалки најчесто се доста скапи и не може секој да си ги дозволи.
Постојат правосмукалки кои се сè уште во добра функционалност иако датумот на производство им е од пред неколку децении. Проблемот започнува кога од старата добра правосмукалка ќе започне да се чувствува непријатен мирис штом го започнете смукањето.
Решението е многу едноставно и генијално: прашок за перење алишта! Едноставно, наросете на подот една или две лажици прашок за перење алишта, а потоа всмукајте го со машината.
Веќе при следното смукање ќе нема повеќе непријатен мирис, напротив, ќе се чувствува мирис на свежо испрани алишта.
Второ решение е да капнете неколку капки етерично масло во кесата за прашина. Дури, наместо прашок за перење алишта, истото можете да го направите и со мелено каранфилче.
ЗОШТО ПРАВОСМУКАЛКАТА СМРДИ?
Со текот на времето во правосмукалката, односно во нечистотијата започнуваат да се развуваат бактерии, грини и други разни микроорганизми. Тие можат да бидат причина за појава на разни неугодни мириси.
Кај правосмукалките со филтер за грини, може да се случи токму филтерот да е преполн со прашина, да му е оневозможена функцијата и поради тоа да започне да смрди.
Доколку сте всмукале нешто влажно, може да се случи развој на габички во внатрешноста на машината. А, исто така, расипаниот мотор на правосмукалката може да биде причина за непријатен мирис.