Одредени симптоми кои жените често ги чувствуваат после 40-тата година, можеби не се причина за загриженост, но доколку се појават ненадејни промени како што се главоболки, мачнина, замор, неочекувано ва-ги-нално кр-вавење, забрзано чукање на срцето кое трае подолго од 15 минути или некој чуден осип на дој-ката кој не поминува во рок од неколку дена, тоа се веќе знаци на “тревога” поради кои задолжително и без одложување треба да се посети лекар.
НЕКОИ СИМПТОМИ ЧЕСТОПАТИ СЕ ПОКАЖАЛЕ ДЕКА СЕ НОРМАЛНИ
Лекарите често велат дека всушност, некои од овие симптоми честопати се нормални, дека тоа се појави кои жените веројатно ги доживеале во еден или друг облик во некој претходен период, но можат и да укажуваат на некоја сериозна здравствена состојба.
Најдобри примери за тоа е екстремниот умор кај жените. Синдромот фибромиалгија (пореметување кое вклучува хронична длабока болка во мускулите), на пример, може да предизвика исцрпувачки умор, дури и главоболка.
Фибромиалгијата е синдром кој почесто се јавува кај жените отколку кај мажите и засега не е познат лек против ова пореметување. Тешкиот умор во нозете може да предизвикаат сериозни состојби кои бараат внимание од лекар, како што се рак, депресија и некои видови на инфламаторен артритис.
СТАНЕТЕ САМ СВОЈ “ТЕЛОХРАНИТЕЛ”
Антихистаминиците, андидепресивите и лековите против болки во поголеми дози исто така, може да предизвикаат значителен умор. Доколку жената неколку седмици искусува тешки симптоми на умор, посетата на лекар е задолжителна за да се направи физички преглед, здравствена анамнеза и лабораториски тестови.
Главоболка, мачнина и умор во нозете (“тешки нозе”) може да бидат знак и за настинка или вирусен грип или пак знак за топлотен удар, особено кај постарите возрасни лица. Според медицинските прирачници и уморот може да симптом за рак, дијабетес, анемија, хронична болест на бубрезите, ревматоиден артритис и други сериозни заболувања.
А исто така, мачнината и уморот може да бидат и нормални симптоми во текот на ПМС, менструација или бременост. Затоа, многу е важно да се наслушнува организмот и да се запознае сопственото тело.
Дури и зголемувањето на телесната тежина или губитокот на килограмите може да биде резултат на поголем или недоволен внес на храна, или пак симптом на сериозна болест како што е дијабетесот, на пример. Ако умеете да ја воочите појавата на новите симптоми, проверете кај вашиот лекар дали се сериозни, бидејќи на тој начин станувате сопствен “телохранител” – чувар на своето здравје и долговечност.
I НЕОБИЧНА ПРОМЕНА НА ДОЈ КАТА
Величината, изгледот и сензибилноста на дој-ката се индивидуални, кај секоја жена поинакви, а дој-ките често предвидливо се менуваат во текот на месецот. Некои жени обично постојано имаат грутчиња, а други ги добиваат секој месец пред менструацијата.
Но, она што излегува од рамките на “вообичаеното”, би можело да биде симптом на здравствен проблем. Треба да се обрати внимание на секоја промена – масата на дој-ката, промена на состојбата на кожата, осип кој не поминува за еден ден…
Ракот на дој-ка може да се појави како необично црвенило на кожата која изгледа како инфекција, оток, грутка или јазолче. Останатите потенцијални симптоми вклучуваат кр-вав исцедок од брада-вицата (ако не е кр-вав, веројатно не треба да загрижува) и дој-ки кои се необично асиметрични.
II НЕОЧЕКУВАНО ВАГИ НАЛ НО КР-ВАВЕЊЕ
Нередовното кр-вавење, особено ако е проследено со болка во текот на од-носи, може да сигнализира сериозна состојба како рак на грлото на матката или рак на матката. Ако менструацијата се промени во необично обилна или стане нередовна, се јавува почесто отколку што е вообичаено на три седмици, или доколку забележите кр-вави дамки помеѓу две менструации, лекарите советуваат дека овие симптоми мора да се проверат, дури и после менопаузата.
Бидејќи, како што истакнуваат, дури и оскудното кр-вавење и после менопаузата не е нормално, а некои од најчестите причинители се полипи или атрофија или задебелување на ендометриумот – слузокожата на матката.
III Дали неочекуваното зголемување на телесната тежина треба сериозно да се сфати?
Дрматична и необјаснета промена на тежината може да биде знак за сериозна здравствена состојба. На пример, губиток на килограмите може да биде знак за рак, додека неконтролираното дебелеење може да биде предупредување за срцева инсуфициенција или проблеми со штитната жлезда.
Лекарите потсетуваат дека и подувањето или болките во стомакот сличен на напнување кои често се јавуваат, може да укажува на рак на јајници, бидејќи подувањето е често еден од првите симптоми.
Ако жената забележи дека се дебелее, дека и отекуваат нозете и притоа отежнато дише додека лежи, тоа според зборовите на експертите, би биле знаци за срцева инсуфициенција. Зголемувањето на телесната тежина на краток рок, оток и задржување на течности најчесто се случуваат кога срцето на ја пумпа течноста толку ефикасно колку што би требало.
IV БЕНКИ КОИ КР-ВАВАТ И ГО МЕНУВААТ ОБЛИКОТ
Бенките во суштина не се никаков здравствен проблем, но оние кои ќе започнат да кр-вават или да го менуваат обликот се “црвено знаменце”, односно знци на кои мора итно да се реагира. Основно правило е да следите дали вашата бенка:
Има асиметричен изглед; дали рабовите се неправилни; дали ја менува бојата; дали пречникот е поголем од гумичката на врвот од графитно моливче; дали се развива, односно расте и го менува својот облик.
Дерматолозите нагласуваат дека ова се знаци за предупредување на можна појава на меланом. Ако во семејството постои историја за рак на кожа, значи дека треба уште повнимателно да обратите внимание на постоечките бенки и ако е потребно да ги фотографирате на секои 6 месеци за полесно да се забележат евентуалните промени.
V УПОРНИ БОЛКИ ВО ЕДНАТА НОГА МОЖЕ ДА БИДАТ ЗНАЦИ ЗА ПОЈАВА НА ТРОМБ
Отекување и болка во едната нога која не поминува, може да биде сигнал за создавање на кр-вно згрутчување во вената, познат како “длабока венска тромбоза” (ДВТ).
Факторите и ризиците поради кои се јавува ДВТ со текот на годините се зголемуваат и вклучуваат пушење, хируршки зафат, консумација на таблети кои содржат естроген или хормонска терапија, временски долга неподвижност ( патувања на подолги дестинации), бременост, како и скорашен пороѓај.
Белодробна емболија, инаку опа-сна по живот, може да се јави кога кр-вното грутче ќе се откачи од еден дел од телото во белите дробови и таму ќе ја блокира виталната артерија, а според искуствата на експертите, околу 70% од кр-вните згрутчувања кои доспеваат во белите дробови тргнуваат од нозете.
VI ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ АКО ЗАБРЗАНО ВИ ЧУКА СРЦЕТО ПОДОЛГО ОД 15 МИНУТИ
Доколку забележите дека срцето забрзано ви чука подолго од 15 минути, особено ако состојбата е проследена со отежнато дишење, слабост, вртоглавица или губиток на свеста- веднаш јавете се на лекар. Овие симптоми може да укажуваат на состојба на срцето која се нарекува атријална фибрилација (пореметување на срцевиот ритам кој настанува во преткоморите на срцето).
Кај атријална фибрилација, горните комори на срцето чукаат побрзо од долните и кога тоа ќе се пролонгира може да доведе до создавање на кр-вни згрутчувања кои можат да доспеат во други делови од телото, што со текот на времето моѓе да доведе до појава на мозочен у-дар или срцева инсуфициенција.
VII СИЛНА БОЛКА ВО ГРАДИТЕ – ПОТЕНЦИЈАЛЕН СРЦЕВ У ДАР
Лекарите нагласуваат дека кај повозрасни мажи болката во градниот кош е често знак за срцев у-дар. Но, како што велат, немаат такви искуства со жените. Жените, како што наведуваат, повеќе се плашат од рак на дој-ка отколку од срцев у-дар, но голема е веројатноста дека најверојатно имаат срцева болест.
Ако нешто подигата и почувствувате болки во градите која никогаш порано не сте ја имале – задолжително проверете за што се работи. Исто така, треба да се јавите на лекар доколку почувствувате било каква нова болка во градниот кош додека се качувате по скали или се напрегате на било каков начин.
Особено е важно ако болката поминува после краток одмор. Жените почесто од мажите имаат атипични симптоми на срцев у-дар: отежнато дишење, вртоглавица, мачнина и повраќање, екстремен умор, ладна пот или болка во рацете, грбот, вратот или стомакот.
VIII ВЛОШЕНО И ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗНАК ЗА СРЦЕВА БОЛЕСТ
Не го игнорирајте отежнатото дишење мислејќи дека тоа е поради недостиг на кондиција или поради тоа што во последно време малку или малку повеќе сте се здебелиле.
Ако после некоја напорна активност чувствувате отежнато дишење кое прогресивно се влошува, тоа може да укажува на болести на срцето, на пример, стеноза на аортата (проблем со залистоците кај постари жени) или болести на коронарните артерии (делумна блокада на артеријата која води кон срцето). Не смеете да ја одложувате посетата на лекар.
IX НЕНАДЕЈНА ПРОМЕНА ВО ВИДОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗНАК ЗА МОЗОЧЕН У ДАР
Како што старееме, нормално е видот да ни се влошува. Но, никогаш не смееме да ги игнорираме визуелните промени кои се случуваат само на едното око – ненадејна појава на двојна слика или неможност да го видите центарот на она што го гледате.
Офталмолозите објаснуваат дека ненадејните промени во видот може да бидат знак за мозочен у-дар. Особено се алармантни ако се јават со другите предупредувачки симптоми за мозочен у-дар како што се одземеност на едната страна од телото или потешкотии во говорот.
Суптилни варијации на овие симптоми може даукажуваат на привремен исхемиски на-пад, кој обично се нарекува мини-мозочен у-дар. Ако навремено изреагирате, лекарите велат дека може да спречите настанок на поголем мозочен у-дар.
X НЕОЧЕКУВАНИ ПРОМЕНИ ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЦРЕВАТА
Работата на цревата е добро мерило за тоа како функционира дигестивниот тракт и метаболизмот, што значи дека може да биде добар показател дали се случува нешто што не е добро.
Ракот на дебело црево и ана-л-ниот кар-цином можат, на пример, да имаат слични симптоми – кр-вавење или к-в во столицата, поголема промена во количината, зачестеноста (запек или дијареа), конзистенција или изглед на столицата. Промените во работата на цревата кои не престануваат после неколку денови или дури неколку седмици, треба да се проверат на лекар.