Чистење на организмот треба да се спроведува најмалку еднаш во шест месеци, односно двапати годишно, бидејќи наталожените токсини можат да доведат до различни болести.
Ова сфатете го едноставно како период на одмор на телото, во кој организмот ќе може да воспостави рамнотежа а органите кои се задолжени за детоксикација повторно да профункционираат правилно.
Честите настинки, уморот, поспаноста, деконцентрацијата- сето ова се симптоми за присутност на токсини, бактерии и други штетни материи.
Претходно пишувавме за начинот на чистење на дигестивниот тракт со помош на ленено семе и кефир, многумина го испробаа рецептот и беа воодушевени од резултатот.
Ова е уште еден ефикасен метод од руската народна медицина, на база кефир и хелдино брашно.
Многумина од вас знаат дека кефирот е еликсир на младоста и здравјето, а хелдиното брашно поседува исклучителни лековити својства: го јакне организмот, ги подмладува крвните садови, го отстранува уморот, ја зголемува циркулацијата на рацете и нозете, го засилува лачењето урина.
Одлично е за меморија и концентрација (особено кај повозрасните луѓе), го намалува притисокот, лекува артериосклероза и опстипација. Во комбинација со кефирот, го намалува шеќерот во крвта. Ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и работата на панкреасот, го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта. Ова е навистина чудесно народно средство!
РЕЦЕПТ
1.Една супена лажица прелијте со со една чаша (180 мл) кефир, и добро промешајте!
2.Ова направете го навечер, а смесата оставете ја во фрижидер.
3.Наутро, половина час пред оброк, уште еднаш промешајте ја и изедете ја мешавината. По желба, засладете со малку мед (не мора).
4.Појадувајте лесен оброк, најдобро овошје или житарки. До следниот оброк не јадете најмалку три часа.
Терапијата трае две седмици (14 дена).