Сите гребаници од мебелот ќе исчезнат и ќе биде нов со само неколку мудроштини кои ги осмислиле досетливите луѓе. Ова се генијални досетки кои можат да ви заштедат многу пари.
Гребаниците на дрвениот мебел, подот или на вратите се честа појава со која се соочува речиси секоја куќа. Во повеќето случаи гребаниците можат да се отстранат со помош на средства кои веќе ги имате во вашата кујна.
Секако дека потешко е да се „маскира“ некое поголемо оштетување, но може да се направат да бидат помалку видливи и да не се првото нешто кое се забележува кога некој ќе влезе во просторијата. Еве неколку корисни методи за отстранување и „маскирање“ на греманиците од дрвениот мебел:
I МЕТОД: Користете јатки од орев
Обичната јатка од орев е едноставно, а истовремено ефикасно решение за постоечките гребаници на дрвениот мебел и подот. Потребно е оревот да го излупите, а потоа да ги протриете со него оштетените места. Нема потреба да притискате силно зошто може да ја здробите јатката.
Главната задача при триењето со јатката, е да се пополнат трагите на гребаницата со маслата кои ги содржи оревот. Откако ќе се засуши местото, греманиците ќе станат помалку видливи.
II МЕТОД: Мешавина од маслиново масло и оцет
Оваа мешавина многу лесно се приготвува во домашни услови. Ќе ви бидат потребни една четвртина чаша бел оцет 9% и три четвртини чаша маслиново масло. Добро протресете ја содржината (најдобро во тегла со капак или шише), па со приготвениот раствор треба да се пребрижат сите гребаници и оштетени дело, па откако ќе се исуши да се исполира со сува памучна крпа.
III МЕТОД: Обојте ги гребаниците со јод
Ако мебелот има темна боја, најлесниот и најбрзиот начин е да се премачкаат гребаниците со повидон јод. Во зависност од величината на гребаниците, треба да земете стапче за уши или стара четка за заби, да ја натопите во јодот и да ја истретирате оштетената површина.
IV МЕТОД: Пополнете ги празнините со мајонез
Ако на дрвената површина не постојат само гребаници, туку има и помали пукнатини, тогаш најдобро е да користите мајонез. Пополнете ги со мајонез пукнатините, отстранете го вишокот и почекајте неколку денови.
Поради фактот дека овој производ е богат со масла и протеини, дрвото ќе набубри, а пукнатината ќе се затвори. После тоа, отстранете ги остатоците од мајонез кои не се апсорбирале и исполирајте ја површината со сува памучна крпа.
Со овој раствор ламинатот добива сјај и целата просторија мириса убаво
За вашиот дом да блеска и да мириса пријатно и свежо, пробајте некои од овие трикови, кои се особено корисни за сопствениците на миленици. Ако случајно вашиот љубимец изврши нужда на тепихот наместо надвор, настанатата штета најлесно ќе ја отстраните со помош на вински оцет, сода бикарбона и детергент за садови.
РЕЦЕПТ: Измешајте вода и винска киселина во однос 1:1. Течноста внимателно излејте ја по тепихот, па внимателно со крпа истријте ја дамката. Потоа наросете со сода бикарбона, изрибајте и оставете да отстои 5 минути. Со крпа соберете ја вишокот сода, а дамката исперете ја со детергент и вода.
Одржувањето на ламинатот бара голема нега. Едноставно прво пребришете со влажна крпа натопена со вода, а потоа изгланцајте со специјално средство за ламинат, или пак некое средство за одржување мебел растворено со малку вода.
Можете да користите и растворено млеко за тело или некое масло (само малку, не сакате да добиете лизгалица). Потоа изгланцајте со сува крпа, бидејќи претераната влага може да биде штетна за ламинатот.
За да има пријатен мирис во просторијата, во водата или на крпата кога ќе гланцате, додајте неколку капки етерично масло од лаванда или некое друго масло по ваш избор.
БОНУС: Вашата кутија за сапун е секогаш влажна и покриена со остатоци од сапун? Со обичен сунѓер можете да го решите овој проблем: пресечете парче сунѓер со соодветна величина и ставете го во кутијата за да ја впива влагата и вишокот растопен сапун.