За кратко време ги ублажува иритациите. Минералната вода може значително да ја подобри состојбата на кожата, а покрај тоа, ова е козметички метод за нега кој секој може да си го дозволи.
Во Кореа жените се опседнати со минералната вода и речиси сите ја користат за нега на кожата од лицето. Со оглед на тоа што речиси сите имаат совршен тен, сигурни сме дека газираната вода може да ја препороди кожата.
Можеби навистина звучи малку чудно да се миете со газирана вода, но со оглед на тоа што оваа техника станува сè поголем тренд, сакавме да научиме малку повеќе на оваа тема.
Па, еве како газираната вода делува на лицето:
Без разлика дали газираната вода ќе ја нанесете со раце и кружно ќе ја масирате исто како и гелот за чистење, или едноставно ќе го потопите целото лице во чинија со газирана вода, оваа течност ќе си го направи чудото за вашата кожа.
Не само што водата ќе ја нахрани кожата, туку и меурчињата ќе им помогнат на клетките кои се наоѓаат помеѓу колагенските влакна да бидат посилни, правејќи ја кожата помлада и позатегната, но може да ги смири и иритациите.
Третманот е многу моќен, но и доволно нежен, па погоден е речиси за сите типови на кожа, дури и оние најсезитивните.
Ако овој третман го применувате еднаш до двапати неделно, сигурно многу брзо ќе ја забележите позитивната разлика.
Како поинаку да се справиме со брчките
Обидете се да ги контролирате изразите на лицето. Оние кои премногу цврсто ги стиснуваат усните, развиваат вертикални набори побрзо од другите. Не заборавајте да се масирате. Ова може да биде вообичаено кружно допирање на проблематичната област со врвот од јагодиците на прстите. Времетраење – 10 минути.
За миење, користете само ладна вода или изладен чај од билки за да имате освежителен ефект врз кожата. Оставете ги цигарите. Оваа лоша навика секогаш доведува до предвремено стареење на кожата.
Инјекции, биоревитализација се само некои од можните професионални пристапи за отстранување на проблемот. Вие, се разбира, можете да прибегнете кон нив или да го следите нашиот совет и да ги отстраните брчките без ризик и штета на здравјето.