Ќе речете, сите луѓе се смеат. Голем број луѓе не умеат да се смеат. Да, но не секој се смее вистинки, со душа. Впрочем, што има тука да се умее или неумее – тоа е дар и не може да се научи.
Единствено, човек може да научи како да се превоспита себеси, да се развива кон подобра личност и да ги совлада или потиснува лошите инстинкти на својот карактер.
За смеа првенствено е потребна искреност, а, што мислите? Постои ли уште искреност кај луѓето? За смеа е потребна незлобливост, а луѓето колку што можам да забележам, сè почесто се смеат пакосно!
Луѓе – хиени, ете така се смеат повеќето. Една искрена и незлоблива смеа значи веселост, а зар има кај денешните луѓе време за веселост, и умеат ли луѓето да бидат весели?
Кај човекот веселоста е највидливата особина која најмногу го издава. Еден карактер долго не можете да го запознаете, но штом човек барем еднаш ќе се насмее сосем искрено, тогаш ќе ви го покаже целиот свој карактер, веднаш, како на дланка.
Единствено човек со многу висок и среќен развој умее да биде весел и да ги зарази другите, т.е. неодоливо и добродушно весело. Не говорам за неговиот умствен развој, туку за карактерот, за целиот човек.
На тој начин, ако сакате да продрете во човекот и да ја запознаете неговата душа, не го гледајте како молчи или како говори или како плаче, туку подобро погледнете како се смее. Ако се смее добро, знајте дека е добар човек.
ФЈОДОР ДОСТОЕВСКИ. Преработи, НМД.мк