АКО САКАТЕ ДА ГЛЕДАТЕ КАКО СОКОЛ: Колач без брашно, шеќер и путер…здрав и многу вкусен! Го подобрува видот…Дали барате вкусна и здрава опција за десерт за која не е потребно брашно, бел шеќер или путер?
Овој рецепт е совршен за оние кои сакаат да јадат нешто слатко додека одржуваат здрава исхрана.
Дополнително, овој колач изобилува со корисни нутриенти кои се одлични за севкупното здравје на организмот, а особено за видот и кожата…Еве што ви е потребно за да го приготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
1 чаша мелени овесни снегулки (приближно 130 г)
1 чаша јогурт/кефир (250 мл)
2 јајца
2 лажици мед или сируп (околу 50 г)
2 големи моркови (приближно 300 г)
2 големи јаболка (приближно 320 г)
ореви (количина по желба за украсување)
ПОСТАПКА:
Во сад измешајте ги овесот и јогуртот и оставете околу 5 минути за да може овесот да се хидрира. Во посебен сад со рачна маталка изматете ги јајцата со медот. Додајте ги јајцата во овесот и промешајте за да се инкорпорира.
Потоа додајте ги ситно ренданите моркови (може да ги исечкате и во процесор) и ренданите јаболка. Промешајте за да се изедначат сите состојки.
Смесата претурете ја во калап обложен со хартија за печење, израмнете (и одозгора посипете сечкани ореви, а можете да ги додадете и после печењето како декорација).
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.