Ако постите на вода, ова ќе ви биде многу вкусно…ЕДНОСТАВЕН И БРЗ КОЛАЧ НА ВОДА СО ГРИЗ И ОРЕВИ…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г брашно
1 прашок за печиво
1/2 лажичка сода бикарбона
1 ванилин шеќер
120 г шеќер
4 лажици џем
8 лажици мелени ореви
400 мл вода (може газирана)

За премачкување: 2 лажици џем

За крем од гриз:

300 + 50 мл вода
4-5 лажици гриз (или растително млеко)
2-3 лажици шеќер
За посипување одозгора: мелени ореви

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад помешајте ги сите суви состојки. Потоа додајте џем и вода и изедначете да нема грутчиња. Смесата сипете ја во калап 20х30 см претходно намастена и посипана со брашно (или обложена со хартија).

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, па после 10-15 минути ставете да се пече колачот 20-тина минути. За тоа време сварете го гризот. Печниот колач оставете да се олади, па премачкјате го со џем.

Гризот растворете го во 50 мл вода, а остатокот оставете да се загрее со шеќерот. Додајте го набабрениот гриз и мешајте додека да згусне. Оставете да се олади, па премачкјате го преку колачот.

Одозгора посипете мелени ореви. Оладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

ПОСЕН КОЛАЧ БЕЗ МАСЛО: Со џем и ореви, осмислен од монахињи