Ловоровиот лист и лимонот се дел од секоја кујна. Имаат исклучителни здравствени придобивки… Запишете си го овој рецепт за чај од ловоров лист и лимон и прочитајте за неговите здравствени придобивки.
Овие две растенија се користат со илјадници години како во кујната, така и во медицината. Во лимонот и ловоровиот лист се изолирани специјални супстанции кои ни даваат големи здравствени придобивки.
Лимоните содржат голема количина на витамин Ц, калиум, витамин Б6… главни соединенија во лимонот се ЛИМОНСКАТА КИСЕЛИНА (најзастапена органска киселина во лимонот), Хесперидин.
Овој антиоксиданс може да ги зајакне вашите крвни садови и да спречи атеросклероза. Диосмин-антиоксиданс кој се користи со некои лекови кои влијаат на циркулаторниот систем, диосмин го подобрува мускулниот тонус и го намалува хроничното воспаление во крвните садови.
Ериоцитрин и Д-лимонен се други корисни супстанции во лимоните… Во лимоните се содржат: тиамин, магнезиум, патотенски киселини, витамин е, цинк…
Ловоровиот лист е богат со минерали, како калциум, калиум, магнезиум, манган, цинк, железо, селен и бакар. Калиумот е важна компонента на нашите клетки и телесни течности за контрола на работата на срцето и крвниот притисок.
Во меѓувреме, за коензимскиот фактор се користат манган и бакар. Богат е со витамин Ц. 100 грама ловоров лист обезбедува 46,5 mg витамин Ц, што е исто како 77,5% од нашата препорачана дневна доза.
Ловоровиот лист е извор на витамин А кој обезбедува 6.185 IU (меѓународна единица) или 206% од нашиот дневен внес.
Со овој чај ја подобрувате функцијата на срцето и крвните садови. Екстремно големи количини на витамин Ц значително ќе го зајакнат вашиот имунитет. Со овој напиток спречувате појава на отпорност на инсулин и појава на дијабетес.
Хранливите состојки во овој чај ја отстрануваат болката во зглобовите. Ова особено се однесува на артритични промени во колената, колковите, рацете или ‘рбетот. Луѓето постари од 50 години може да очекуваат многу поголеми проблеми со зглобовите.
Ловоровите листови содржат кофеинска киселина, кверцетин, еуганол и катехин кои нè штитат и спречуваат создавање на разни видови на рак.
Ловорови лисја исто така содржат фитонутриент наречен партенолид кој се покажал како ефикасен во спречувањето на прекумерниот раст на клетките на ракот на грлото на матката.
Очекувајте дека овој напиток ќе им помогне на вашата штитна жлезда, црн дроб и бубрези да функционираат многу подобро… Посебно ќе помогне во детоксикација на организмот, а со тоа и ќе го намали секојдневниот товар на детоксикација на црниот дроб и бубрезите…
На овој начин спречувате прекумерна акумулација на урична киселина, а помага и за многу подобра дигестивна функција… Овој напиток има способност природно да го смирува организмот. Го намалува стресот, депресијата, анксиозноста… Го подобрува здравјето на очите!
Како се подготвува чајот чај? Сипете 300 мл вода во садот и додајте 2 суви ловорови листови. Ставете го садот на шпорет, запалете го огнот и загрејте ја водата додека да почне да врие.
Откако водата ќе зоврие, намалете ја топлината на минимум и оставете да се вари 10 минути. По изминатото време процедете го чајот. Ќе добиете приближно 250 мл чај.
Оставете 10-тина минути да подизлади па додајте 1 голема лажица сок од лимон и 1 мала лажица мед. Измешајте го и овој чај можете да го пиете 30 дена по ред, а потоа направете пауза од 15 дена. Најдобро е да се пие пред или помеѓу оброците.
Видеопрезентацијата на д-р Марио погледнете ја ОВДЕ. За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „СИРУП ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ И ПИВО, пијте го отсега, а на зима нема да се закашлате“ – ОВДЕ.