Постојат некои работи во животот кај многу луѓе кои се повторуваат како некој програм, како некој код, одамна запишан во некоја книга. Секој поединечно си мисли дека проблемот во од-носите што го има е уникатен и само негов.
Но, во психологијата сите тие причинско-последични о дноcи се во детали објаснети, и важат подеднакво исто како шаблон, особено во семејствата со родители манипyлатоpи. Нивната омилена фраза звучи приближно вака:
„Јас ако не бев, ти немаше да постоиш. Те носев девет месеци во мојот стомак, те доев, не спиев, бдеев над тебе кога не ти беше добро – и каде е сега твојата благодарност, барем мала трошка?
Меѓутоа, сите свесни луѓе знаат дека тоа се најнормални работи кои ги прави секоја жена кога ќе одлучи да стане мајка. Детето воопшто не може ни да предвиди, дека за сето тоа еден ден ќе биде задолжено да отплаќа.
Кога само еднаш родителот-манипyлатоp ќе побара од сопственото дете да му се оддолжи за сè претходно стореното како лихваp кон својот должник, во тој момент љубовта кон родителите започнува постепено да се гасне.
Ова е најлошата реченица на еден родител кој може да му ја каже на сопственото дете. Со тоа родителот ја поништува безусловната љубов, како таа да не постои, а детето се чувствува загpозено.
Од тој момент започнуваат меѓусебни обвинувања, а потоа и обострано разочарување. Во семејства каде владее искрена љубов, без манипyлиpање, раѓањето на детето е сосем природна работа и родителите со радост ја прифаќаат грижата за детето, како нешто што се подразбира само од себе.
Во такви семејства помеѓу родителите и децата се градат нормални и здрави врски, без наметнување на грижа на совест. Уште од самото раѓање детето веќе дало многу. Всушност дало сè што има:
Своите мили погледи, своите искрени и безусловни прегратки, своите цртежи и сето она друго што умеело да го направи. А сето тоа детето го направило од љубов кон своите родители.
Ако таквите важни ситници останале незабележани од страна на родителот, тогаш не треба да се чудите што детето кога ќе порасне нема да чувствува приврзаност кон тие родители.
Во најдобар случај, возрасното дете ќе им помага на родителите купувајќи им храна, лекови и ќе помага на некој друг начин на којшто ќе може, но ќе се труди што поретко да ги посетува и помалку време да поминува заедно со нив.