Гравот е омилена намирница за повеќето луѓе која може долго време да биде ускладиштена и да се користи по потреба за приготвување на најразлични начини. Со гравот се подготвуваат едни од највкусните рецепти кои најчесто се приготвуваат во големи тенџериња или тави.
Гравот има и бројни здравствени бенефити и лековити својства, па поради тоа честопати ја препорачуваат лекарите и нутриционистите, според кои оваа намирница треба да биде што почесто застапена во нашето мени.
Но, дали знаевте дека и водата во која киснел или се варел гравот е вистинско чудо кога станува збор за чистење на куќата?
Кога ќе купите грав и ќе го донесете дома, во својата кујна, најпрво го потопувате во вода да отстои преку ноќ или неколку часови, а потоа го варите во „прва“ вода која вообичаено се фрла за да се исперат „тешките шеќери“ кои предизвикуваат гасови и подување на стомакот.
Меѓутоа, фрлањето на оваа вода е голема грешка. Можеби оваа вода не е добра за пиење и не е јадлива од претходно наведените причини, меѓутоа течноста е право чудо за чистење на куќата, особено на стаклените површини.
Супстанциите кои ги содржи лушпата на гравот а се ослободуваат во водата, помагаат да се исчистат и изгланцаат стаклените површини како што се: огледала, прозори, па дури и стаклените садови ќе бидат уште почисти, како никогаш претходно.
Оваа вода е потребно да се измеша со врела вода, да се складира со шише со распрскувач, а потоа со растворот да се испрскаат стаклените површини и да се пребришат со чиста памучна крпа.
Во смесата можете да додадете и малку ал-кохолна киселина ако сакате таа површина да ја дезинфицирате. Мирисот на оцетот многу брзо испарува и исчезнува. Значи, сè што ви е потребно за да ви заблескаат огледалото, прозорите или стаклените садови се грав, тенџере и малку добра волја…
Во некои дамнешни времиња кога не постоеле купечки средства за чистење, домаќинките најчесто домот го чистеле со храна. Па така, со свеж леб ги пребришувале ѕидовите, со млеко камените површини, прозорите ги чистеле со компир…Доколку ве интересира погледнете го видеото за да дознаете што користеле домаќинките за чистење на домот во 19 век ОВДЕ.
Свекрва ми мѝ покажа малку бизарен метод за чистење на бањата: Свети како нова и тоа без мака
Жените на интернет неодамна откриле еден интересен трик, како бањата да засвети како да е нова и тоа без нималку труд. Имено, оваа идеја беше објавена во Фејсбук групата “Moms who clean”, каде една мајка го откри својот бизарен метод за чистење кој дава фантастични резултати.
Единствениот производ кој ви е потребен за ова – е обичен крем/пена за бричење. Сега нејзиниот трик молневито се шири на социјалните мрежи.
Методот е едноставен: Цела бања, со посебен акцент на WC школката, треба да се прекрие со пена за бричење и да се остави да делува неколку часови. Откако пената ќе отстои неколку часови, едноставно исперете ја со топла вода и тоа е сè.
Пената за бричење е практично сапуница која содржи многу повеќе калиум хидроксид од обичните средства, што значи дека побрзо и подобро се раствора во вода. Дава фантастични резултати, а се плакне многу полесно од класичните средства за чистење.