Home закуска Ако имате спанаќ не пропуштајте го овој рецепт…Полнети тенки кори како палачинки,...

Ако имате спанаќ не пропуштајте го овој рецепт…Полнети тенки кори како палачинки, многу вкусно

Ако имате спанаќ не пропуштајте го овој рецепт…Полнети тенки кори како палачинки, многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл)

2 чаши топла вода (два прста помалку) 400 мл
1 лажичка инстант квасец 6 г
1 лажичка шеќер 10 г
1 лажица маслиново масло 10 мл
1 лажичка сол 10 г
3,5 чаши брашно 325 г

За фил:
1 кг спанаќ (лист)
2 главици кромид
100 г рендан кашкавал
1 лажичка сол, чили пипер
4 супени лажици маслиново масло 40 мл

ПОСТАПКА:

1.Во садот за месење ставете го квасецот, шеќерот и водата и измешајте. Додавајте брашно малку по малку, сол и маслиново масло, па замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака.

2.Добиеното меко тесто покријте го и оставете го да ферментира половина час.

3.За филот, во поголем сад ставете ги добро измиените и исечкани листови спанаќ, кромидот и другите состојки и убаво измешајте.

4.Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 12 топчиња. Покријте ги со крпа за да не се сушат.

5.Земете го првото топче и развлечете го во кора со големина на чинија (30 см). Едната половина наполнете ја со фил.

6.Преклопете со другата половина и затворете ги краевите за да се залепи тестото.

7.Ставете соодветна тава на шпорет и загрејте ја без да додадете масло. печете ги „палачинките“ од двете страни на умерена температура, а притоа премачкувајте ги со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.