Ако не се лекува навремено, кандидата може сериозно да го наруши здравјето на целиот организам.

СИМПТОМИ

Симптомите често може да се заменат со некои други билести. Доколку чувстувате подуеност еден час после јадење или се будите со рамен стомак, а тој постојано се дуе во текот на денот, можеби ова е сигнал кој укажува дека кандидата се проширила на цревата.

10 СИМПТОМИ ЗА ЦРЕВНА КАНДИДИЈАЗА

Доколку препознаете повеќе од еден од следните 10 симптоми, не би било лошо да посетите лекар:

-гасови
-чувство на тежина во стомакот
-лоша апсорпција на масти
-нетолеранција на млечни производи, глутен, кофеин, фруктоза
-болки или грчеви во стомакот
-запек и слични проблеми
-синдорм на нервозни црева
-хроничен умор, дијабетес, фибромијалгија, имунолошки болести, невромускуларни пореметувања
-недостиг на минерали и витамини, особено на Б12
-дијареа

Ако не сте сигурни дека имате кандида, можете во домашни услови да направите еден едноставен тест, кој можете да го прочитате ОВДЕ.

Кога ќе се дијагностицира кандидата, исхраната би требало драстично да се промени. Со правилен избор на намирници може значително да се помогне во елиминација на овој здравствен проблем.

Оваа храна никако не треба да се јаде:

-газирани и негазирани зашеќерени сокови, алкохол, кафе, оцет и црн чај
-овошје
-житарици и мешунки
-коренест зеленчук како морков и цвекло
-млеко и млечни производи (освен путер, јогурт и домашен кефир)
-маргарин и квасец
-сувомеснати и конзервирани производи, како и цела индустриска храна
-рафинирани растителни масла

Оваа храна можете да ја јадете:

-месо
-риба и морски плодови
-зеленчук кој расте над земја, освен печурки
-јајца
-маслиново, сусамово и ленено семе, како и маст
-куркума и зачински билки
-домашен кефир и јогурт
-лимон, авокадо и зелени јаболка
-супи
-вода, лимонада и чаеви

За лекување на кандидата потребно е трпение и упорност. Доколку целосно се посветите на овој начин на исхрана и ги одбегнувате забранетите намирници, ќе имате позитивни резулати во лекувањето.

За да го забрзате лекувањето направете Домашен лек за лекување на кандида, а рецептот можете да го прочитате ОВДЕ.

Исто така, може многу да помогне и чорбата против кандида, чиј рецепт можете да го прочитате ОВДЕ.

Доколку кандидата се појавила во уста, тогаш обидете се со следните неколку лекови кои можете да прочитате ОВДЕ.