Ако имате овесни снегулки, какао и банани и направете го овој неверојатен десерт…Без шеќер, без брашно..Едноставно и брзо…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

130 г овесни снегулки
250 мл топло млеко (може и растително)
2 зрели банани
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажица засладувач (стевиа или по ваш избор)
4 лажици какао/ или рогач во прав
1 лажица прашок за печиво
1 прстофат сол
40 г индиски ореви или ореви
печете 40 минути на 180°C /360°F

За глазура:
80 г темно чоколадо (без додаден шеќер)
35-40 мл (3 лажици) топло млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ги овесните снегулки и прелијте ги со топло млеко. промешајте и оставете ги 10 минути да набубрат и омекнат.

2.Бананите испасирајте ги и додајте ги во овесот. Додајте јајца, ванила и засладувач, па промешајте за да се изедначи.

3.Потоа додајте го какаото, прашокот за печиво, прстофат сол и изедначете.

4.Смесата сипете ја во намастен и набрашнет (или обложен калап со хартија за печење) 20х10 см, долгнавест и длабок (за леб или ролати).

5.Одозгора посипете со сечкани ореви и малку притиснете ги со шпатулата за да навлезат во тестото.

6.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Колачот оставете го малку да подизлади, па декорирајте го со растопено чоколадо помешано со малку млеко (на пареа или во микробранова печка). Постапката погледнете ја ОВДЕ.