Доколку сакате да се засладите со нешто вкусно, а тоа сепак да биде здраво и да не влијае на вашите килогpaми, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Овесот изобилува со растителни влакна и други корисни материи за дигестивниот систем.




Овој колач се приготвува релативно брзо и многу лесно и едноставно, така што можете да го приготвувате многу често и да го јадете без гpижа на совест. Доколку имате две банани и две јајца заедно со овесот, не се колебajте и веднаш пригответе го. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап со флексибилен обрач со дијаметар од 20 см): 120 г овесни снегулки, 250 мл топло млеко, 2 парчиња банана, 2 јајца, 3 супени лажици какао во прав, 1 прстофат сол, 1 мала лажичка прашок за печиво (5 г). И уште: 1 рака ореви или јатки по желба, 100 г црно чоколадо + 50 мл млеко




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 120 г овесни снеголки и одозгора попарете ги со 250 мл топло (накај врело) млеко. Промешајте и оставете настрана да кисне 10 минути додека овесот убаво да се натопи и да набубри.




Бананите испасирајте ги со виљушка за да добиете убаво мазно пире. Потоа додајте две јајца, па изматете со жица маталка додека да се изедначат состојките. Во смесата додаајте 3 лажици какао во прав (органско), 1 прстофат сол и 1 мала лажичка прашок за печиво.




Добро изматете додека да се соединат сите состојки во еднолична смеса. Потоа додајте го набубрениот овес, па сето заедно измешајте го додека еднакво да се распореди.




Добиената смеса излејте ја во претходно подготвен калап со дијамета од 20 см и обложен со хартија. Смесата рамномерно распоредете ја и израмнете, а одозгора наросете сечкани јатки по желба, во случајов микс од ореви, бадеми и лешници.




Ставете го колачот да се пече во добро загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Во една чонија искршете 100 г темно чоколадо и прелијте го со 50 мл времо млеко. промешајте додека да се растопи, па со глазурата прелијте го колачот. Можете веднаш да послужите. Деталите погледнете ги ОВДЕ.