Пилонидалниот синус се појавува на почетокот од задникот, на „тртката“. Се состои од отпадни состојки од кожата и влакната. Враснатите влакна предизвикуваат формирање на чир и воспаление.

За нивно отстранување можете да вклучите куркума во исхраната. Започнете да ја додадавате во вашите јадења а тоа ќе овозможи и други бројни позитивни ефекти. Куркумата е многу успешна во лекувањето на бројни различни болести.

Освен тоа, исто така може да се направи паста од куркума и вода. Нанесете ја смесата преку воспаленото место, трипати дневно.

Што е пилонидалната болест?

-Во преку 90% од случаите заболуваат мажи, а особено оние со изразена влакнатост на интерглутеалната бразда во тртичниот дел од грбот. Болеста најчесто се јавува за прв пат во пубертетот кога растот на влакната и активноста на лојните жлезди е засилена.

Пилонидалната болест (анг. „Jeep driver’s disease”) или циста е хронично воспаление на мекото ткиво во браздата над задникот. Најчесто се манифестира како силно воспалено гнојно жариште (апсцес) кое локално е проследено со:

-оток,

-црвенило,

-силна болка,

-покачена телесна температура,

-треска и

-општа слабост на организмот.

Пилонидалната болест може да се манифестира и како хроничен синус со еден или со повеќе отвори на површината на кожата од кои постојано тече гнојна содржина. Во суштина, тоа е цистична шуплина исполнета со влакна, фиброзно ткиво и воспалителни клетки.

Интересно е што постојат несогласувања во врска со прашањето дали пилонидалните цисти се вродени или стекнати, иако владее мислење дека се стекнати, бидејќи во повеќето случаи причина за гноењето е иритација и враснати влакна во длабоката структура од седалната регија со последична инфекција.

Тоа се потенцира при:

-долго седење,

-нередовна хигиена,

-изразена влакнетост во тој предел,

-од тесна и некомотна облека,

-изразено потење во тој дел и триење,

-инфицирани лимфни јазли,

-оштетни фоликули на влакната,

-користење јавни тоалети,

-ослабен имунолошки систем,

-алергиски реакции,

-стрес и неправилна исхрана, и сл.

Пилонидалната болест првпат може да се манифестира во пубертетот кога се зголемува лачењето на жлездите и се поттикнува растењето на влакната во овој предел. Болеста е почеста кај мажите отколку кај жените. Ако не се лекува може да стане хронична болест која се развива постепено и го исцрпува организмот.

Појава на гнојни жаришта

Гнојните жаришта (апсцеси) кои силно болат и создаваат напнатост во седалната регија со црвенило и оток, можат да пукнат сами, или пак хируршки да се засечат за да се исцеди гнојот.

Потоа инфекцијата се смирува, но при најмал стрес, напор или при намалување на општата отпорност на организмот, гнојниот апсцес пак се појавува.

Една друга клиничка форма е појава на хронично воспаление во седалната регија со лесен оток и црвенило, со болка која се потенцира при долготрајно седење. На површината на кожата се појавуваат еден или повеќе синусни отвори од кои постојано се цеди гној.

Оваа клиничка форма на болеста се нарекува пилонидален синус.

Еве како треба да се лекува:

Најтешка манифестација на пилонидалната болест е појава на еден или повеќе поткожни канали чии отвори излегуваат на кожата – во браздата од задникот и седалниот предел. Целата површина на регијата е болна, воспалена и со постојана гнојна секреција.

Превентивни мерки во почетен стадиум:

Затоплување

Примената на топли облози за време на почетните фази може да го намали растот на инфекцијата. Топлината ефективно ја зголемува циркулацијата на крвта, а со тоа, им се овозможува подобра функција на белите крвни клетки во борбата против инфекцијата.

Топлите облози ставајте ги два-три пати дневно, во зависност од големината на воспалението. На тој начин ќе му овозможите полесно исфрлање на гнојот. По истекување на гнојот, областа треба да се измие со антибактериски сапун и да се остави да се исуши. Доколку не сакате раната да ви биде отворена, тогаш ставете завој.

Паста од куркума

Куркумата има многу лековити својства. Пастата се прави од куркума во прав во поголем дел, а се меша со малку горка сол (магнезиум сулфат), мед, рицинус и јод.

Редовно аплицирајте од оваа паста врз синусот додека да се исцеди гнојот од него.

Жолт корен (Hydrastis canadensis)

Жолт корен во прав се меша со малку вода за да се добие паста. Од оваа паста се нанесува повеќе пати во текот на денот. Вода

Пијте најмалку 8-10 чаши вода за да му овозможите на организмот полесно да ги исфрли токсините и да ја намали инфекцијата.

Кромид

Кромидот има најдобри антисептички својства во споредба со другите зеленчуци. Помага во забрзување на процесот на лекување. Се што треба да направите е да го исечете кромидот во дебели парчиња и да ги ставите врз воспаленото место.

Покријте со крпа, а облозите со кромид менувајте ги на секои 2-3 часа! Забелешка:Никогаш не се обидувајте сами да го продупчите синусот, бидејќи може да ја влошите состојбата и да го зголемите интензитетот на инфекцијата.

Хируршко лекување и оперативен третман

Во предоперативната подготовка по прегледот, акутната инфекција се смирува со антибиотици или локално чистење на гнојот, што се прави со засекување на кожата.

Другите опишани облици можат да се оперираат веднаш. Операцијата се изведува во локална потенцирана анестезија, што значи дека пациентот е во лесен сон и не чувствува болка. Целиот седален предел кој е зафатен со пилонидалната болест треба во целост да се отстрани во широчина и во длабочина.

Раната потоа се покрива со локален резен – здраво ткиво што се состои од масно ткиво и кожа. Резенот се преместува локално покривајќи го дефектот во седалната регија. Раната потоа се шие и се преврзува.

Постоперативната нега се состои од чести преврски и хигиена на седалниот предел. По десетина дена се отстрануваат конците со што хируршкиот дел на лечењето е завршен. Следен чекор е третирање на оперативната лузна со специфични масти или кремови за побрзо зараснување и избледување.