Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Домашен локум со ореви кој се приготвува за 5 минути, многу вкусен и декоративен, можете секогаш да го приготвувате за било каква пригода. Се приготвува од само неколку состојки.
Потребни состојки: 500 мл сок од калинка, 3 супени лажици шеќер, 5 супени лажици нишесте/густин/скроб и 50 г ореви.
Постапка: Најпрво исцедете половина литар сок од калинки, а може да користите и готов купечки сок. Истурете го сокот во подлабоко тенџере, па додадете пет супени лажици нишесте (густин) и три супени лажици шеќер или по вкус.
Промешајте со жица маталка додека да се растопи шеќерот, а густинот се соедини со течноста без грутчиња. Тенџерето ставете го на оган, на умерена температура и загревајте ја смесата со постојано мешање додека да згусне, исто како кога се вари пудинг.
Тргнете го тенџерето од оган и во смесата додадете 50 г крупно сечкани ореви. промешајте да се соединат со смесата и да омекнат од топлината. Додека сè уште е топла смесата, црпете и поленете мали филџанчиња, мали чашки или калапчиња, што и да имате.
Наполнетите калапчиња оставете ги во фрижидер да се оладат и стегнат во времетраење од 20-тина минути. По изминатото време вадете ги локумчињата од чашките и валкајте ги во кокос. Можете веднаш да ги послужите. деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Еве еве уште една варијанта на овој рецепт кој можеби ќе ви се допадне: Многу брз десерт од ванила пудинг и јагоди
Потребни состојки: 500 мл млеко, 3 лажици шеќер, 2 пудинг од ванила, 2 ванилин шеќер, помали јагоди, кокос за наросување
Постапка: Сварете го пудингот според упатството на кесичката, но наместо еден, ќе ставите два пудинга во половина литар млеко.
Во млекото ќе додадете шеќер и ванилин шеќер. Мали филџанчиња за кафе навлажнете ги со ладна вода и полнете ги со врелиот пудинг. Потпикнете внатре по една јагода и оставете настана да излади. Потоа филџаните превртувајте ги и наросете ги или валкајте ги во кокосово брашно.