Се приготвува неверојатно брзо и едноставно, а добивате совршен вкус. нема да ви се верува што сте направиле за толку кратко време и со толку малку состојки. Колачот има вкус како да излегол од најскапата слаткарница.
Овој колач е совршен за оние кои постојано се во брзање и немаат време за некои комплицирани колачи и торти, а сепак сакаат да приготват нешто одлично. Овој рецепт е совршен! Потребни ви се буквално 5 минути, а ќе добиете толку сочен и вкусен колач, што веднаш ќе направите втора тура.
Колачот е особено погоден и за дијабетичари, а во тој случај, наместо „обично“ чоколадо кое се користи за глазурата, употребете специјално чоколадо наменето за дијабетичари.
Потребни состојки: 2 банани, 2 јајца, 4 лажици какао, 1/2 лажиче прашок за печиво. За глазура: 50 г чоколадо, 45 мл млеко, 15 г путер
Постапка: Смесата се подготвува во блендер, зошто така е поедноставно и многу побрзо. Скршете две јајца, додајте две банани исечени на тркалца, додајте 4 лажици какао во прав и половина лаичка прашок за печиво. Затворете го блендерот и вклучете го, па со неколку „пулса“ изедначете ја смесата.
Доколку немате блендер, тогаш рачно изматете ги јајцата со виљушка или жица маталка, додајте ги бананите и испасирајте ги за да добиете пире, соединете ги со јајцата во еднолична смеса, па додајте го какаото и прашокот за печиво.
Сето убаво измешајте го додека да добиете мазна смеса. Ќе се согласите дека блендерот ова го прави многу полесно и за многу пократко време.
Добиената смеса излејте ја во претходно добро намастен помал калап (со путер) со димензија од 14 см и ставете да се пече во микробранова печка на 5-8 минути. Ако немате микробранова што пече, тогаш испечете го колачот во рерна на 200 степени (15-20-тина минути).
Печениот колач превртете го врз чинија за сервирање, па пригответе ја глазурата. Во еден помал сад измешајте млеко, чоколадо и путер, па загрејте во микробранова печка или на пареа додека состојките се растопат.
Промешајте за да добиете убава сјајна глазура. Излејте ја врз колачот и оставете целосно да се излади и да се стегне. потоа пресечете го колачот и послужете го. Уживајте во неговиот неодолив вкус. деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.