Ако имате 2 јајца и брашно, подгответе го овој вкусен десерт…СУПЕР БРЗ И ЛЕСЕН РЕЦЕПТ…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г брашно
250 мл вода
10 г ванилин шеќер
1 лажица шеќер
1 прстофат сол
50 г путер
2 јајца
ПОСТАПКА:
1.Во широка тава сипете вода и додајте шеќер, ванила, сол и путер, па ставете на оган да зоврие и да се растопат состојките.
2.Додајте го брашното и мешајте додека да ја впие сета теќност, а потоа продолжете со мешање сѐ додека да се формира топка тесто кое се одвојува од садот.
3.Тестото сипете го во некој подлабок сад и раширете го за побрзо да се излади. Кога ќе биде млако или целосно оладено додајте ги јајцата и мешајте додека тие да се инкорпорираат.
4.Добиеното тесто складирајте го во готварски шприв и истиснувајте форми врз претходно исечени парчиња хартија.
5.Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни (Спуштајте ги сосе хартијата, превртени).
6.Премачкајте ги со мед и посипете ги со мелени фстаци. Постапката погледнете ја ОВДЕ.