Ако имате 1 литар млеко, направете ја познатата МЛЕЧНА АЛВА…1 чаша шеќер, 1 чаша брашно и малку путер…Многу вкусен десерт!

Овој уникатен вкус се должи на нежната, кремаста, млечна текстура. Кога еднаш ќе го пробате, често ќе си го приготвувате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
1 чаша брашно
1 чаша шеќер
125 г путер
лешник за декорација

ПОСТАПКА:

1.Ставете го млекото во тенџере, на шпорет. Кога ќе дојде до точка на вриење, тргнете го од шпоретот, додајте го шеќерот, промешајте за да се раствори и оставете да се излади.

2.Во друго тенџере ставете го путерот и растопете го на тивок оган. Додајте го брашното пропржете го со непрекинато мешање.

3.Брашното се пржи на многу тивок оган и не смее да потемне, околу 20 минути со непрекинато мешање, да добие течна конзистенција.

4.Започнете да го додавате млекото на трипати. Мешајте енергично, па штом се раствори и изедначи, додајте повторно мелко, и сè така додека целата количина да се впие.

5.Кога ќе зоврие и ќе почнат да се појавуваат меурчиња, тргнете го од шпоретот и матете го со миксер 5-6 минути.

6.Млечната алва претурете ја во огноотпорен сад и печете ја во загреана рерна на 200 степени, на горен (грил) грејач, само за да фати коричка одозгора за што се потребни 4-5 минути.

7.печениот десерт извадете го да се олади и декорирајте го се сечкани лешници. Постапката погледнете ја ОВДЕ.