Ако имате 1 јаболко, 1 јајце и брашно, направете го овој десерт за 5 минути! Без рерна, без путер, без чекање на тестото…многу брз десерт! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јаболко
1 јајце
3 лажици шеќер
3 лажици масло
200 г цврст јогурт или кисела павлака
350 г брашно + –
прстофат сол
50 мл млеко
7 г инстант прашок за пециво
масло за пржење
за посипување: шеќер и цимет

ПОСТАПКА: Јаболкото исечкјате го многу ситно.

Во подлабок сад ставете: јајце, прстофат сол, шеќер, ванила и масло, па промешајте. Потоа додајте го јогуртот и изедначете ја смесата.

Додајте ги ситно сечканите јаболка и млекото, па повторно промешајте.

На крај просејте го брашното помешано со прашок за печиво. Најдобро е да се додава етапно, но приближно ќе ви биде потребно 350 г брашно.

Замесете убаво, меко тесто. Рацете намастете ги со масло и црпете со лажица од смесата, па обликувајте ги колачињата и редете ги врз лесно набрашнета површина.

Во тава загрејте масло на умерена температура, па спуштајте ги колачињата и пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.

Потоа валајте ги во мешавина од ситна шеќер и цимет. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.