Home ТЕСТО Ако имате 1 јајце и брашно подгответе ги овие печива, повкусни од...

Ако имате 1 јајце и брашно подгответе ги овие печива, повкусни од крофните и мекиците…

Крцкави пржени печива – меки однатре, крцкави однадвор

Овие традиционални пржени печива се вистинска утеха во ладните денови – се подготвуваат брзо, без рерна и со најобични состојки кои веќе ги имате в кујна.

Со само едно јајце и брашно добивате воздушни, нежни печива кои одлично се комбинираат со џем, сирење, павлака или едноставно посипани со шеќер во прав, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Порции: околу 20-25 парчиња
Време на подготовка: 20 минути
Време на пржење: 15 минути

Потребни состојки

1 јајце (на собна температура)
150 мл млеко
2 лажици шеќер
2 лажици цврст јогурт или кисела павлака
2 лажици масло
1 лажица путер (на собна температура)
половина лажичка сол
8 г ванилин шеќер
380 г брашно (просеано)
8 г прашок за печиво
НМД

Дополнително:
масло за пржење (длабочина 1-1,5 см)

Постапка

1. Во подлабок сад ставете го јајцето, млекото, шеќерот, јогуртот, маслото, путерот, солта и ванилиниот шеќер. Изматете со жица за матење додека смесата се соедини и не изедначи.

2. Додајте го просеаното брашно заедно со прашокот за печиво. Прво промешајте со шпатула додека да се формира грубо тесто, а потоа продолжете да го месите со раце додека тоа стане сјајно, мазно и не лепи.

3. Поделете го тестото на три еднакви дела и од секој дел обликувајте топка. Секоја од топките ставете ги на лесно набрашнета површина и со оклагија развлечете ги во правоаголна, долгнавеста кора со дебелина од околу 2-3 мм.

4. Исечете ја кората на ленти широки приближно 6-7 см (ширина од четири прста). Секоја лента нежно потегнете ја од двата краја за да се издолжи, потоа преклопете ја по должина на половина.

5. Со тенко дрвено стапче цврсто притиснете по средината на преклопената лента, а потоа краевите со прстите цврсто спојте ги и малку зашилете ги.

6. Подготвените печива редете ги на чиста површина и покријте ги со најлонска кеса за да не се сушат додека ги обликувате останатите.

7. Во широк тиган загрејте масло на умерена температура (длабочина 1-1,5 см). Температурата е соодветна кога околу чепкалка (или дрвена дршка од лажица) ставена во маслото веднаш се создаваат ситни меурчиња.

8. Спуштајте ги печивата во умерено загреаното и внимавајте да има простор, бидејќи тие брзо нараснуваат.

Веднаш со лажица полевајте ги одозгора со жешкото масло за да набабрат и да се создадат воздушни џебови. Кога ќе заруменат од долната страна, превртете ги и допржете ги и од другата страна до златеста боја.

9. Извадете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. Послужете ги топли или на собна температура – одлични се и самостојни, а уште повкусни со шеќер во прав, џем, мед, сирење или павлака.

Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: