Ако имате јајце, брашно и млеко, пригответе ги овие вкусни крофнички…Многу меки како памук со неодолив мирис и вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

230 мл млако млеко,
1,5 лажица шеќер,
8 г сув квасец (нешто помалку од цела лажица),
1 јајце, на собна температура
1 кесичка ванилин шеќер,
1/2 лажичка сол,
околу 360 г брашно, со постепено додавање
масло за пржење и шеќер во прав за декорација.

ПОСТАПКА:

1.Во топлото млеко растворете ги квасецот и шеќерот, потоа додајте јајце, ванила, сол и брашно. Тестото треба да биде меко и нелпливо. Оставете го намастено и покриено да ферментира додека да го удвои волуменот.

2.Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 10-12 дела. Обликувајте топчиња и оставете ги покриени да одморат 15-20 минути.

3.Се прстите сплескувајте ги во кора со големина на мала чинија, во средината направете засеци и повторно оставете ги покринеи 15 минути. Потоа пржете ги во умерено загреано масло.

4.Валајте ги во шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.