Според законите на Универзумот, случајности не постојат! Експертите кои ја проучуваат енергијата и симболиката веруваат дека одредени знаци можат да ни откријат дали сме на правиот или погрешниот пат, дали сме подготвени за промени, какви работи нè очекуваат, но, и каква е нашата внатрешна состојба.




Се верува дека постојат одредени знаци кои укажуваат дека наскоро ќе имате голема среќа, а еве кои сигнали се сметаат за добри:

Спонтани средби

Сите луѓе што ги среќавате, понекогаш на најмистериозен начин, носат пораки за вас. Можно е во разговор со нив да добиете одговор на некое прашање кое во последно време ве окупира, а кое би можело да биде решение за некој ваш проблем.




Дури и повремениот разговор со странец на автобуска станица, во продавница, на патеката по која шетате или ресторанот може да биде неверојатно богат со информации и сигнали за вашиот живот и иднина. Обратете внимание на случајните зборови на непознатиот и обидете се да го дешифрирате значењето на пораката што ви е испратена.




Чувство на радост

Важен сигнал е чувството на радост и задоволство поради тоа што ви се случува. Ако нешто правите со задоволство, тоа е судбински знак дека ја направите вистинската работа и дека треба да продолжите по истата насока, бидејќи таа е вистинската. Ако се чувствувате непријатно, тогаш знајте дека нешто не е во ред и не сте на вистинскиот пат.




Слушајте ги вашите емоции пред да се одлучите за нешто. Ако вашата желба предизвикува непријатности и стра-вови, а постои можност да ја одбиете и да започнете нешто друго, тогаш направете го тоа. Верувајте им на вашите внатрешни чувства, на вашите инстикти.




Зборови и бројки

Можеме да најдеме некои траги од судбината во зборови или бројки кои случајно ги забележуваме. Гледајте ги зборовите и бројките од рекламите кои се појавуваат, оние што ги среќавате на улица, слушајте ги зборовите на радио, гледајте ги сигналите околу вас, оние кои се повторуваат.




Зборовите што носат лична порака за вас може да се појават во весници, списанија, може да бидат испечатени на постери и да се појавуваат на ТВ екранот. Можно е да ви донесат решение за моменталната ситуација или да предложат по кој пат треба да тргнете и каква одлука да донесете.




На пример, една девојка сакала да и се зголеми платата на работа. Но, таа се плашела да побара зголемување бидејќи неодамна почнала да работи во таа компанија и немала доволно голем стаж. Но, еден ден, на пат кон канцеларијата, таа поминала низ низа продавници. Тие секогаш биле затворени наутро, но тој ден, поради некоја причина, на сите затворени врати имало натпис „Отворено“.




Овој збор ја натерало да помисли дека нејзиниот пат е отворен. Истиот ден отишла кај газдата и и‘ било усвоено барањето за зголемување на платата. Исто така, се верува дека низите од броеви, како што се 111, 333, 1212 и други, можат да бидат сигнал дека сè оди според планот и дека имате среќа.




Еве неколку други знаци кои не треба да се игнорираат:

Ако некоја личност физички ве потсетува на личност со која сте имале негативна врска во минатото – тогаш е време да најдете прошка во себе и да ја залечите емотивната paна со ocлободyвање од негативни чyвcтва и лоши спомени.

Кога мислите на некого постојано – тоа значи дека е време да стапите во контакт со него. Обично таа личност очекува повик или предлог од вас.

Дури и ако не знаете зошто треба да контактирате со одредена личност, направете го тоа без двоумење.

Секоја негативна промена во здравјето, па дури и мала настинка, ве предупредува да ги промените вашите навики и укажува на нерамнотежа во вашиот живот. Со тоа телото ви вели: „Не избрзувајте, не се напрегајте премногу. Застанете и посветете се на себеси повеќе“.




Изгубените очила, клучеви или документи не се секогаш знаци на невнимание и расеаност, но може да бидат важни судбински знаци. Ако видите дека некој предмет од домаќинството не е таму каде што обично е, размислете зошто се случило и што може да значи. Обично станува збор за тоа дека не ги забелувате добрите можности.

Или пак, брзате да излезете за некаде, а некоја важна работа не можете да најдете – веројатно треба да задоцните или воопшто не треба да сте таму. Треба да добро да размислите и да обратите внимание на предметот кој го барате и местото или работата каде сте се упатиле.