Ајдучка трева или Achillea millefolium е билка со посебен мирис која расте на речиси сите ливади и полјани. Тоа е билка со исклучително лековита моќ. Се користи како чај, тиктура, вино, маст за облози а се прави и чајна мешавина.
Ајдучката трева има перјасти ливчиња, па оттаму носи назив и столисник. Цвета од јуни до доцна есен. Цветовите се ситни и бели групирани во китка. Се берат цветовите, листовите и горните гранчиња во време на цветање, се врзуваат во снопови обесени под сенка.
РЕЦЕПТ ОД ЧИТАТЕЛ ЗА ЛЕКОВИТ СОК ОД АЈДУЧКА ТРЕВА СО ВКУС НА ШВЕПС
Потребни состојки:
40 китки бела ајдучка трева
3 лимонтуси
4 лимони
1 кг шеќер
10 литри вода
Постапка:
Сите состојки се сечкаат ситно и се прелеваат со 10 литри вода. Се остава да отстои 24 часа, потоа се цеди низ цедалка и се собира во шишња. Шишињата се затвораат и се оставаат на сонце уште 24 часа. После овој период сокот е спремен за консумирање.
Сокот се приготвува од бела ајдучка трева, се кинат цветови со 6-7 центиметри гранчиња и ливчиња. Добиениот сок има вкус на швепс и многу е добар за здравјето.
Потребни состојки за ЧАЈ:
1 мала лажичка суви листови и цвет
1 шолја врела вода
Постапка:
Една мала лажичка сув лист и цвет се прелива со една шолја врела вода и се остава 15 минути поклопено. Потоа се процедува и се пијат по две шолји дневно, топло и незасладено за наведените болести (види подолу), како и за крвавење од нос: доволно е да се испие една шолја дневно многу топол чај, во голтки…
ЛЕКОВИТО ВИНО ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
Потребни состојки:
2 лажици ајдучка трева
500 мл бело вино
Постапка:
Две лажици билка варете ги 10 минути во 500 мл бело вино. Секој ден се пие по 250 мл од ова вино: извонреден лек за слаб организам, слаб апетит, крвава столица, желудочни проблеми и песок и ситни камчиња во уринарен тракт.
ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА/ЛИКЕР ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
Потребни состојки:
-свежи листови и цвет од ајдучка трева, исечкани
-кажеав шеќер – доколку се прави ликер
Постапка:
Се полни шише или тегла со сечкана свежа билка, се прелива со ракија и се остава три седмици на сонце или на топло место. Потоа се процедува и се добива одлична тинктура. Ако се додаде шеќер се добива одличен ликер. Се пие наутро и навечер по една голема лажица, како лек за подолу наведените болести.
ЛЕКОВИТА МАСТ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
Потребни состојки:
-Цвет и лист од ајдучка трева
-широколистест (женски) тегавец
-500 г свинска маст или несолен путер
Постапка:
Во еднакви делови билките (1:1) ајдучка трева и тегавец се варат во 500 г свинска маст 10 минути на многу тивок оган, па потоа се остава преку ноќ. Наутро повторно се загрева на тивко и се процедува, па се складира во соодветни теглички. Се чува на темно и ладно. Оваа маст е одличен лек за хемороиди и други рани, како и за фрактури.
ОБЛОЗИ:
Се толчат свежи листови од ајдучка трева и се ставаат како облога на рани, посекотини, модринки, убоди, набиени места и слично.
ЧАЈНА МЕШАВИНА I
Во еднакви делови ајдучка трева и тегавец: две чајни лажички се прелива со 250 мл врела вода и се остава 15 минути поклопено. Се процедува и се пие топол по една шолја наутро и една навечер како извонреден лек за крвавење од бели дробови (и други болести на белите дробови).
ЧАЈНА МЕШАВИНА II
Во еднакви делови ајдучка трева, тегавец и оскоруша: две чајни лажички се прелива со 250 мл врела вода и оставаме 15 минути поклопено. Се процедува и се пие за исфрлање на крвни згрутчувања од внатрешните органи кои настанале како последица од удар, пад, фрактура или шинување.
ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА И ПРИМЕНА
Ајдучката трева е исклучително лековита билка и сметам дека секој дом треба да си има препарати од неа. Ги лекува сите женски болести: климактерични тегоби, нередовна менструација, внатрешен немир, рак на матката, болки во долниот дел од стомакот, воспалени јајници, спуштена матка, мокрење во кревет, миоми и бело прање.
Со ајдучка трева се лекува и помага при воспалени нерви на раце, болки во главата, вртоглавица, мачнина, пречки во циркулацијата, затнати крвни садови, внатрешни крвавења, ангина пекторис, реума, лоша столица и хемороиди.
Исфрла жолчни, бубрежни и мокрачни каменчиња и песок, а некои тврдат дека помага и за лекување на рак на бели дробови.