Јачменот е одличен извор на диететски влакна и содржи растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни во намалувањето на холестеролот во кр-вта и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања.
Научниците утврдиле дека еден тип растворливи влакна кои се наоѓаат во јачменот како бета-глуканот е примарна компонента на јачменот која е одговорна за намалување на холестеролот.
Следниот напиток е за луѓето кои сакаат да ocлабат и имаат чести главоболки поради хроничен замор. Напитокот одржи многу растителни влакна и ве одржува сити подолго време. Покрај тоа, овој пијалак го забрзува метаболизмот на мастите.
Главната компонента е јачменот кој има алкална природа и изобилува со растителни влакна. Одличен е за одржување на здравјето на дигестивниот систем и помага при запек, хемороиди и гастритис. Овој пијалак се препорачува и во случаи на дијареа, со цел да се компензира изгубената течност и да се врати рамнотежата на електролитите.
Се препорачува за луѓе кои стра-даат од дијабетес, бидејќи помага во стабилизирање на нивото на гликоза во кр-вта. Покрај тоа, јачменот го намалува ризикот од дебелеење и со тоа влијае превентивно на појавата на дијабетес тип 2.
РЕЦЕПТ ЗА ЖИТЕН ЧАЈ: Измијте го оризот со студена вода. Најдобро е да користите интегрален ориз, но ќе послужи каков и да имате. Исцедете го и пропржете го во тава, непрекинато мешајќи, додека да добие златножолта боја. Додајте вода 10:1.
Оставете да зоврие, намалете го огнот и оставете да се вари на тивок оган 15-30 мин. Во текот на варењето ставете прстофат морска сол. Процедете го чајот, а оризот можете да го употребите за подготовка на некое јадење.
Овој чај е добар за сите возрасти, посебно за бебиња при висока температура. Најмногу се користи летно време за нормализирање на телесната температура, но исто така е корисен за нормализирање на столицата при запек, дијареа или хронична главоболка.
ЧАЈ ОД ПЧЕНИЦА (ЈАЧМЕН)-РЕЦЕПТ: Пржете го житото во тава 5-10 минути на среден оган, непрекинато мешајќи го. Додајте 10 делови вода на 1 дел жито (10:1) и оставете да зоврие. Кога чајот ќе зоврие намалете го огнот на тивко и оставете да се вари уште 15 минути. Чајот од пченица е освежителен пијалак, а чајот од јачмен ги топи маснотиите во организмот.
ЧАЈ ОД ПЧЕНКАРНА СВИЛА-РЕЦЕПТ: Ставете во вода свежа или исушена пченкарна свила и варете ја. Овој чај е делотворен кај здравствени проблеми предизвикани од прекумерна потрошувачка на сол или намирници од животинско потекло – посебно при запек или ретко уринирање.
Еве како да направите јачменова вода брзо и едноставно: Исплакнете го јачменот под млаз вода, а потоа натопете го во сад и оставете го да отстои во водата најмалку 4 часа. По изминатото време, процедете го јачменот и измешајте чаша јачмен со 3 – 4 чаши вода и префрлете ги состојките во тенџере.
Ставете го тенџерето на рингла и варете го додека да почне да врие водата, а потоа намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и оставете водата да врие уште 45 минути до еден час, додека јачменовите зрна да омекнат.
Тргнете го тенџерето од рингла и оставете водата да се излади, а потоа процедете. Консумирајте 1 – 2 чаши процедена јачменова вода на ден. Ако сакате да го подобрите вкусот, додајте малку лимонов сок или мед.