Секогаш кога сакаме да се оcлободиме од вишокот к илограми, најпрво се „врзуваме“ за вагата. Точното мерење може да биде од голема важност, особено и доколку имаме и некоја друга здравствена грижа.
На пример, при мерење на густината на коските, исклучително е важно да се измери правилната телecна т ежина, бидејќи сите податоци ќе се пресметуваат автоматски во однос на неа. Меѓутоа, ако сакате само малку да ја дотерате линијата, не се препорачува да се „фиксирате“ за бројот на килограми, бидејќи тоа е п cиxoлошки оптеретување.
Порано се сметаше дека редовното вагање е од исклучителна важност, секојдневно и тоа по неколкупати во денот за да се следат сите разлики и промени во телото. Меѓутоа, денес ова мислење е отфрлено како непотребно.
За да го следите вашиот напредок во диетата, не треба да се мерите секој ден, туку само еднаш неделно. Значајните варијации од еден ден до друг може само да ве измамат, бидејќи тие се резултат или на неправилно мерење или губење на вода од телото.
На пример, ако вагата покаже дека сте „изгубиле“ цел килограм за еден ден, бидете сигурни дека тоа не може да биде губиток на масно ткиво. Од слична причина, не е препорачливо да се мерите ниту во денот по напорното вежбање.
Второто правило е секогаш да се мерите без никаква облека. Често се мисли дека потенката домашна гардероба не може да има значителна тежина, но се случува да тежи и по цел килограм, особено ова важи за наметките и домашните обувки.
Третото правило е никогаш да не се мерите навечер. Во тоа време телото сè уште „вари“ сè што сте јаделе во текот на денот. Затоа вагата нема да ја прочита точната т ежина, туку потребно е да се измерите наутро, откако ќе извршите големa и малa нужда.
На жените не им се препорачува мерење во недела пред или за време на мен-струацијата, бидејќи во тој дел од циклусот има поголемо задржување на водата од вообичаеното.