Еве како да го направите мек како путер!
Нутриционистката Кели Левек вели дека црниот дроб е здрав да се јаде од многу причини, особено говедскиот, и на тој начин успеа да разбие еден од поголемите митови поврзани со ова месо. Црниот дроб е богат со протеини, содржи калциум, железо, магнезиум, калиум, селен, фолати и ретинол.
Тој е одличен извор на витамини Б и Б12, кој содржи дури и повеќе од зелениот зеленчук. Тој е еден од најбогатите извори на витамин А, кој е клучен за функционирањето на имунолошкиот систем и тешко може да се најде во храната.
Покрај витамини и минерали, црниот дроб содржи квалитетни протеини, релативно малку калории и јаглехидрати.
Црниот дроб исто така содржи холестерол, но бидејќи не е масен, ако го јадете само повремено, тоа нема да ви создаде проблем. Честопати луѓето мислат дека црниот дроб е „полн“ со отпадни материи затоа што во него се обработуваат ток-сините, но нутриционистката го разби овој мит.
„Т оксините не се складираат во црниот дроб, туку црниот дроб помага само да се ели-минираат од телото“, објасни таа.
Постои една група на луѓе кои не треба да јадат црн дроб, а тоа се бремените жени на кои не им се препорачуваат големи дози на витамин А, особено во првите месеци од бременоста.
Рецепт како да приготвите мек и вкусен џигер:
Исечете го црниот дроб на тенки парчиња, натопете го во мешавина од бел оцет (алкохолна киселина 9%) и млеко најмалку. Оставете го џигерот во оваа течност најмалку 30 минути, а потоа избришете го и испечете го.
Двата најпопуларни начини за јадење црн дроб се динстани со многу кромид, и печен, а потоа измиксан со путер и зачини, како вкусна паштета.
Еден многу убав, брзински и вкусен ручек со пилешки џигерчиња: Евтин и брз ручек, прсти да излижеш!
Потребни состојки: 500 г пилешки џигер, 2 главици црвен кромид, 2 чешниња лук, 2 жолти пиперки, 2 црвени пиперки, 50 мл доматен сос, 50 мл црно вино, 2-3 лажици брашно, 1 лажичка црвен пипер во прав, сол, сув зачин, црн пипер, магдонос
Постапка: пилешкиот џигер извалкајте го во брашно и пропржете во загреано масло додека да зарумени. Потоа џигерот тргнете го на страна во некој сад и поклопете го за да остане топол. Кромидот и лукчето ситно исечкајте ги, а пиперките исчистете ги од семето и исечете ги на коцки.
Во истото масло во кое се пржеше џигерот пропржете го прво кромидот, малку посолете го, додајте ги пиперките и лукот, па динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне. Потоа додајте црвен пипер во прав, брзо промешајте, додадете доматен сос и црно вино и околу 100 мл топла вода. Оставете да крчка 1-2 минути.
Потоа во садот вратете го пржениот џигер, по потреба додајте уште малку врела вода, во зависност од густината која ја сакате. Посолете, запиперете и ставете сув зачин по вкус, па гответе уште 10-тина минути на умерено со повремено мешање. На крај додадете сечкан магдонос. На страна сварете палента и во неа додадете малку путер, па сервијате како прилог со џигерот во сос.