Никогаш порано не сум правела помфрит без масло во рерна, ова ми е првпат. Всушност, јас никогаш не ни помислував дека помфритот може да се подготви во рерна. Кога некој ќе ми каже дека јаде компирчиња-помфрит, веднаш помислувам дека се подготвени во масло или фритеза полна со масло.

И на тој начин ги обожавам, но верувајте дека вака излегуваат многу повкусни, поздрави се и ќе ви заштедат многу време. Наместо да стоите над шпоретот и да пржите тура по тура, вака само ги сечкате, ги распоредувате во плех и ставате на печење. Не се воопшто масни, а сепак се вкусни. Рецепт на Гурман ТВ.

Иако може да ги подготвувате од било каков компир, бел млад, стар, батат, црвен компир.. дефинитивно најубави се младите бели или црвени, бидејќи може да ги јадете со лушпа. Ако некогаш сте се запрашале каде се „крие“ слаткоста на младите компири, ќе дознаете сега.

NMD.mk

Младите компирчиња имаат тенка и крцкава кора која е јадлива и помеѓу неа и компирот се сочувани најголемиот број на витамини. На пример, доколку ги излупите младите компирчиња и така ги подготвите, тие ќе изгубат голем дел од хранливите својства.

NMD.mk

Иако варени се сметаат за најздрави и се препорачуваат на оние со дигестивни проблеми, печениот компир е дефинитивно најдобар избор кога станува збор за вкусен, здрав и крцкав прилог. Обично младите компири ги има од пролет па сè до средина на летото, сепак кај нас може да се најдат преку целата година бидејќи најчесто се увезени.

Кај младите компири, шеќерот сè уште не е претворен во „вистински“, односно во скроб, па затоа се толку слатки и неодоливи. Кога купувате млади компири, секогаш избирајте ги оние без оште-тување и темни дамки. Исто така избегнувајте ги позеленетите делови на компирот кои се сметаат за ток-сични. Во овој случај треба да го отстаните овој дел.

Ако сакате да ви траат подолго односно неколку дена, не ги мијте сите, туку само оние кои ќе ги користите во моментот. Останатите компирчиња се складираат на темно и суво место каде што нема да имаат пристап до влага.

Сепак, важно е компирите да ги измиете пред да ги ставите на печење. Може да ги ист-риете со грубата страна на сунѓерчето или едноставно да ги ставите во вангла полна со вода и да оставите да се „измијат“ 1-2 часа.

Водата во која отстојале компирите треба да се менува на два-трипати, бидејќи првата вода ќе се замати, а исто и втората, така што беспотребно ќе стојат во валканата вода. Потоа се сушат со памучна крпа и се сечкаат на тенки стапчиња – помфрит.

Потребни состојки за фил: 2 белки од јајце, 1/2 мала лажичка сол, 1/2 мала лажичка црн пипер, 1/2 мала лажичка сладок црвен пипер. За оваа количина зачини користев 5 компири, но вие приспособете ја количината и останатите состојки според вашите потреби.

Постапка: Исечканите компири ставете ги во подлабок сад, а потоа во друг сад изматете ги со жица-маталка, зачините и двете белки од јајце. Филот прелијте го врз компирите и распоредете го со мешање.

Вака компирите ставете ги во плех обложен со хартија за печење, но одвојте ги да не се допираат меѓусебе, а никако да ставате компир врз компир. Ако не ви собере сè во еден плех, печете во две тури.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 10-тина минути, потоа извадете го плехот од рерна, превртете ги на другата страна компирите и печете ги на истата температура уште 10-тина минути додека да заруменат и станат крцкави. По избор може да користите и други зачини како лук во прав, чили, италијанска мешавина итн.. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.