Доколку редовно чистиме и го средуваме нередот, нашиот дом, односно нашето живеалиште секојпат ќе биде во најдобар ред. Но, некогаш сме во голема брзаница, па не успеваме навремено да го пребришеме шпоретот или микробрановата печка, а испpcканите дамки остануваат и со текот на времето се закоравуваат.
Кога ќе станат толку видливи, сфаќаме дека дошло време за генерално чистење, а тоа е толку ф pyc-трирачки, бидејќи од нас бара многу време и е нергија. Сите оние закоравени дамки во кујната особено шпоретот, бањата, прозорите… се чини како да е невозможно да се отстранат. За среќа, со овие генијални мудроштини вашиот дом повторно ќе заблеска со минимален труд.
ЧЕШМА СО ДАМКИ. Натопете хартиени салветки во оцет и обложете ја целата чешма. Оставете вака да преноќи, а следниот ден отстранете ги. Ќе забележите дека дамките и наслагите од бигорот ги нема. Поминете со сунѓерот и исплакнете со чиста вода.
КРПИ СО МУВЛА. Познато е дека после три употреби, пешкирите кои се користат за лична хигиена мора да се исперат. Истото важи и за кујнските крпи. Но, „некој“ „некаде“ ја заборавил крпата влажна, па таа за кратко станала расадник на мувла и бактерии. Најлесно е да се фрли ваквата крпа, но ако ова често ви се случува, набрзо ќе останете без крпи.
Затоа, применете го следното: ставете ја крпата во леген со врела вода и додајте детергент за избелување. Оставете преку ноќ, а потоа исперете ја машински. Сите спори од мувлата заедно си сите други милиони микроскопски микроорганизми ќе се исперат.
МУВЛА НА РАБОВИТЕ ОД КАДАТА. Бањата е најголем расадник на мувла поради сета таа влага. После секое туширање треба да се пребрише целата бања, плочките и кадата, но кој има толку време? Со текот на времето започнуваат да се појавуваат жолто-розеникави траги на фугата и рабовите околу кадата, а потоа тие стануваат црни.
Тоа се големи колонии од мувла чии спори во воздухот може да предизвикаат здравствени тегоби кај луѓето како алергија, астма, белодробни болести и слично. Направете го следното: Натопете памук или хартиени салветки во детергент за белеење и обложете ги зафатените места. Оставете преку ноќ, а следниот ден поминете со сунѓер и исплакнете со чиста вода.
ТУШ ПОЛН СО БИГОР. Ова е чест проблем особено онаму каде што има „тврда“ вода. Со текот на времето бигорот се таложи и ги затнува сите дупчиња и отвори низ кои треба непречено да тече водата. Ова се случува и со чешмите кои имаат „сито“.
Направете го следното: едноставно наполнете една кеса за замрзнување со бел оцет, поставете го тушот внатре да биде целиот потопен и фиксирајте ја кесата со ластик. Следниот ден ќе забележите дека бигорот е разложен. Само поминете со сунѓер и некоја стара четка за заби (за ситните дупчиња) и исплакнете со чиста вода.
КЕРАМИЧКА ПЛОЧА ОД ШПОРЕТ И МИЈАЛНИК СО ДАМКИ. Колку и да го пребришувате мијалникот после секое користење, сепак остануваат траги од водата кои откако ќе се исушат оставаат впечаток како да станува збор за нечистотија. Направете го следното: исечете еден лимон на половина и натопете го во сол.
Целата зафатена површина протријте ја со овој лимон. Не мора да рибате силно, бидејќи лимонската киселина ќе ја заврши сета работа наместо вас. Исто така, лимонот можете да го натопувате во сода бикарбона и да чистите со него поделикатни површини, како што е керамичката плоча на шпоретот, на пример.
ДАМКИ ВО ТОАЛЕТНАТА ШОЛЈА. Иако регуларно ја чистите тоалетната школка, сепак некогаш се случува да останат дамки, особено на понедостапните места кои дури и четката тешко може да ги исчисти.
Ако резервоарот на казанчето е исто така, полн со бигор, додајте во водата оцет и оставете така да преноќи. Или, затворете го доводот на вода, испушете ја сета вода, па додајте го оцетот. Исто така, можете да ја обложите тоалетната школка со хартиени салветки натопени во оцет или во средство за белеење. Следниот ден поминете со четката и исплакнете со врела вода.
ДАМКИ НЕЧИСТОТИЈА ВО МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА. Микробрановата печка честопати се користи за брзо загревање на јадењата, но притоа се случува незабележливо да се испрска и доколку не ја пребришеме веднаш, дамките се закоравуваат. Направете го следното:
Во една подлабока чинија ставете вода, а потоа во неа исцедете го сокот од еден лимон. И исцедните половини ставете ги во чинијата, исто така. Потоа, чинијата ставете ја во печката и вклучете го програмот на три минути.
Почекајте пет минути пред да ја отворите вратничката. Извадете ја чинијата и поминете со сунѓер. Печката ќе сјае од чистота, а ќе има и прекрасен цитрусен мирис. Истиот трик можете да го спроведете и за чистење на рерната.
ЧИСТЕЊЕ СО СОДА БИКАРБОНА: Посипете ја површината и одозгора ставете влажна крпа натопена во раствор од оцет или детергент, ако станува збор за керамичка плоча, и оставете неколку часови. Доколку чистите штофен мебел, само оставете ја содата бикарбона неколку часови, а потоа соберете ја со правосмукалка/ површината пребришете ја со чиста крпа.
ЗА ВАДЕЊЕ ДАМКИ НАПРАВЕТЕ ЈА СЛЕДНАТА МЕШАВИНА: 1 лажичка течен детергент, 1 лажица бел оцет, 1 чаша топла вода, 1 лажичка сода бикарбона. Промешајте и внимателно протријте ја дамката или натопете крпа во овој раствор и оставете да делува врз дамката. Потоа исплакнете и оставете да се исуши. Повеќе методи за чистење може да погледнете во видеото ОВДЕ (22 мин).