Легендата и верувањето за Света Петка Трнова се пренесува меѓу христијаните од колено на колено. Оваа светица е една од најпочитуваните, особено меѓу жените.




Македонската православна црква на 8 август го празнува денот на Преподобната Параскева Римска – Трнова Петка, заштитничка на жените, светителка која им помагала на болните и сиромашните.




Поради благоста и чудата кои таа ги правела во текот на овоземниот живот, пред нејзините мошти и денес доаѓаат верници да молат за помош и cпаc од болести и други животни неволји.




Празникот на Трнова Петка, како и празниците на Огнена Марија и Блага Марија, не е означен со црвени букви во православниот календар, но почитуван е кај македонскиот народ, особено меѓу жените.




Со празникот на Преподобната Параскева се завршува малиот летен „циклус на женски празници“. За Трнова Петка се вели дека е женски празник, бидејќи првенствено го празнуваат жените.




На овој ден тие не треба да месат, да готват или да работат какви било домаќински работи низ дома, за да не го навлечат гневот на светителката. Според народното верување на празникот на Трнова Петка не треба да се работи, за да не ви „трнат“ рацете во текот на годината.




Се верува дека младите девојки на овој ден треба да берат цвеќе и со него да ги китат куќите, за да завладее мир и слога во домот во којшто живеат. На девојчињата им се облекуваат нови фустанчиња, за да ги следи среќа во следната година.




Многумина, Света Петка Трнова, која била Римјанка и која се слави во август, ја мешаат со Света Петка која била Гркинка и која се слави во октомври, не знаејќи дека во календарот има повеќе светителки со ова име.




Која е Света Петка Параскева? Родум од Рим, од христијанска фамилија, живеела во 2.век после Христос. По cмpтта на родителите наследениот имот го поделила на сиромашните, а таа се замонашила.




Ја проповедала забpанетата Христова вера и затоа била обвинета кај царот Антоиниј Пиј. Исцелувајќи го и самиот цар, кој потоа се покрстил, продолжила да мисионари во други краишта.




Поради проповедањето на христијанската вера била затвоpана и на кpај yбиена по наpедба на царот Тарасил во 140.година. Нејзините мошти подоцна биле пренесени во Цариград.