Дивата круша одамна е позната како корисна, исклучителна намирница. Нејзините плодови се конзервирале на најразлични начини, се преработувале во желе, џемови, сокови, ракија, вино и слично.
Во природата, има голем број сорти на диви круши кои се разликуваат по големината и бујноста на дрвото, формата на листот, времето на цветање и зреење, големината, вкусот на овошјето.
СИТЕ ТАЈНИ НА ДИВАТА КРУША: Лек е за многу болести а нејзините листови се вистински дар од природата
Дивата круша е една од многу лековитите стари сорти што успеала да „преживее“ низ вековите. Повеќе личи на јаболко, има пријатен мирис и малку адстрингентен, сладок вкус, како да содржи мед во траги.
Содржи многу јод, па затоа претходно дивите круши се користеле за спречување на гушавост, а доколку редовно се внесува во исхраната, има корисен ефект врз работата на органите за варење, срцето и бубрезите.
„Кога говориме за дивата круша, и овошјето и кората се употребуваат во лековити цели“, раскажува фитотерапевтот Роман Вучковиќ.
– Плодовите созреваат од септември до крајот на октомври, а доколку се чуваат добро, траат цела зима, па може да се користат за правење на витаминска и освежителна храна и пијалаци.
Од оние многу хранливите, како што се мармаладите, соковите и компотите, до оние наменети за мераклиско уживање – како што се виното и ракијата од дива круша.
Дивите круши содржат пектини
Во половина литар ладна вода, ставете пет или шест ферментирани листови од круша, кои претходно малку сте ги издробиле во рака. Поклопено варете ги додека да зоврие, еден „клуч“, а потоа тргнете го садот на страна и оставете поклопено додека да се излади.
„Веќе со доаѓањето на првите денови на пролетта, лековитата кора може да се лупи од младите гранки на крушата и да се чува, а одварот приготвен од неа е добар за третман на висок холестерол во кpвта. Иако неговиот плод е многу хранлив, листовите се вистинско богатство“, вели Вучковиќ.
Чајот од дива круша е толку ароматичен што е особено омилен меѓу познавачите. Се приготвува од листовите, но само доколку правилно се наберат и исушат. Вучковиќ потсетува дека е многу важно лисјата добро да се исушат, бидејќи така пијалакот има поинтензивен вкус.
„Листовите се сушат на два различни начина, објаснува тој. Во зависност од сушењето, лисјата од круша ја добиваат и својата боја: зелените лисја се добиваат со сушење во сенка на провев, на рамна површина, при берењето се ставаат во корпа што треба да биде покриена за да не бидат изложени на сонце.
Сушењето започнува веднаш после бербата, трае кратко време, неколку часа, во зависност од температурата на воздухот и провевот.
Покрај зелените, со сушење се добиваат и бронзени лисја (ферментирани): лисјата се ставаат во поголема најлонска кеса и се оставаат затворени два часа под сенка. Лисјата се парат во вреќата и ја менуваат бојата од зелена во бронзена.
Кесата се протресува од време на време, и кога сите лисја ќе ја сменат бојата, ферментацијата е завршена.
Лек за шеќер во кpвта – рецепт на билкарот Мартин Најдовски
Овој лек е извонреден за оние кои имаат висок шеќер, но кои не сè уште не ce на инсулинска терапија.
Се зема една полна рака листови од дива круша и се попаруваат со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено да отсои половина час, а потоа се процедува и се пие целиот тој литар течност во текот на денот, наместо вода.
Терапијата трае 2 месеца. Освен што се користи овој лек за намалување на шеќер во кpвта, одличен е за главоболки, неcоница, тегоби во желудник и слично. Ако се користи за овие бoлести тогаш подготовката е следна:
100 грама лист од дива круша се попарува со 1 литар зовриена вода, се остава поклопено да отстои 20 минути по што се процедува и се пие по 1 шолја за кафе (од старските, малечките) наутро 30 минути пред јадење и 1 шолја навечер, 30 минути пред вечера.
Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.