Дабот е дрво кое човекот го користел за различни цели уште од древни времиња. Се користи за различни верски церемонии, храна, лекови, за изградба. Во многу традиции, дабот е почитуван како свето дрво.
Колку е всушност лековит дабот, ќе дознаете во оваа статија. Дабовите се дрва кои со векови наназад биле користени како градежен материјал, но и за производство на лекови и храна.
Многу индиски племиња користеле даб за лекување на кр-варење, ту-мори, отоци и дизентерија. Европските билкари користеле даб како диуретик и како противот.ров. Прашокот направен од дабови корења се користел за лекување на туберкулоза.
Лисјата биле користени за лекување на р ани. Дабот дури се користел и како замена за кинин во третманот на треска. Лековитите својства на дабот се наоѓаат во танините. Тие се врзуваат за протеините во ткивата, што создава бариера отпорна на бактериски ин.вазии.
Танините ги зајакнуваат ткивата и кр-вните садови и ги намалуваат воспаленијата и иритациите, особено на кожата и слузокожата. Современото научно истражување потврдува дека дабот ги има следниве лековити својства:
Ја намалува температурата, може да се користи против воспаление, како антисептик. Покрај тоа, тој е антивирусен, а се користи и за отстранување на црви во организмот и други паразити.
ЛЕКОВИТОСТА НА ДАБОТ: Деловите од дабот што се користат за лекување вклучуваат кора, листови и желади.
Лисјата може да се користат свежи, дури и за прва помош во случај на незгода на отворено. Тие можат да омекнат со потопување во врела вода или со готвење на пареа додека да омлитават.
А доколку сте на отворено и итно ви се потребни дабови листови, истите можете да ги омекнете со едноставно туткање во раката. Листовите се нанесуваат локално на погодената област како антисептик, смирувачка облога за да се намали отокот, иритацијата на кожата или некое помало кр-вавење.
Едно големо дабово дрво може да произведе околу 1.000 килограми желади годишно. Желадите се многу хранливи, имаат помалку маснотии и шеќер од многу други јаткасти плодови. Богато е со полинезаситени масти, витамин Б6, бакар, манган и калиум.
Индијанците многу се потпирале на желадите како храна. Многу одамна, луѓето оставале цели вреќи или корпи полни со желади во потоците за да се измијат горчливите танини.
Исто така, желадите можат да се наберат и да се натопат во сад со вода. Водата каде што бил натопен желадот станува лековита, бидејќи е богата со танини и има антисептички и антивирусни својства. Може да се користи како средство за ублажување на иритациите на кожата од осип и помали из.гореници.
Кората од даб е ефикасна како тинктура (ал-кохолен екстракт) и како чај. Варениот чај се користи за лекување на непца од кр-вавење и како средство за плакнење на устата. Кората од даб, исушена и мелена во прав, порано се користела за да спречување и сопирање на кр-вавењето од носот.
За дабот се вели дека го ублажува варењето на храната. Се користи за лекување на чирови внатрешно и надворешно. Одвар или тинктура од кора може да се користи за намалување на хемороиди, проширени вени и мод.ринки.
Исто така, лекува проблеми со кожата, како што се осип, иритација или оток. За таа цел се прави облога од кора или лисја. Кората е најлековитиот дел од дабот. Може да се собере на пролет од корењата што излегуваат од земјата.
Исушете ја и чувајте ја кората на ладно и темно место. Желадите се собираат на есен.