Леблебија, наут, варен грав – тоа се сите имиња за истата зрнеста храна, мешунка богата со протеини.
Наликува на соја со светло-кафеава боја, а начините за нејзино приготвување се различни: може да се користи како вариво, мелена како брашно за правење леб, но, исто така, леблебијата може да се јаде пржена, како семки.
Тука, секако не можеме да запреме, наутот е одличен додаток на супите, и доколку се сомеле во блендер, со додавање на малку маслиново масло и зачини ќе добиете одличен намаз за леб.
Леблебијата влегла во историските записи во многу држави: првите записи за оваа билка се стари 13 века и сведочат за нејзината широка употреба на просторите од денешна Турција.
Од Анадолија е пренесена на Блискиот Исток и Северна Африка, а на Кавказ му припаднала необична чест да биде овековечена во името на едно уметничко дело.
Имено, ерменскиот композитор Тигран Чухаџјан во 1875 г ја напишал оперетата „Продавач на леблебија“. Корен пуштила и на Балканот, каде најмногу се одгледува во Македонија и Далмација.
Во поглед на биохемискиот состав, леблебијата не се разликува многу од останатите мешунки: содржи 23% белковини, 58% јаглехидрати и околу 5% билни масла. Кога станува збор за железото, леблебијата го победува месото дури и кога е готвена.
Богата е со калциум, магнезиум и бакар. Во 100 грама леблебија се содржат 361 калории.