И за собни и за градинарски билки: освен што го подобрува развојот и растот на билката, поволно влијае и врз квалитетот на земјата. Храната е еден од основните предуслови кој треба да им се овозможи на растенијата за да бидат украсни во вистинска смисла на зборот.
По купувањето на растението, земјата во садот содржи доволни залихи на хранливи материи, но тие многу брзо се трошат и затоа билката треба да се прихранува.
Средства за прихранување на растенијата се течните хранливи материи кои се додаваат во водата за полевање. Тие ги содржат сите хранливи материи кои се неопходни за живот, раст и буење на растението. Најважни хранливи материи во прихраната на растенијата се:
Водород
Го забрзува растот на листовите и гранчињата. Премалку водород во храната доведува до заостанување во растењето. Резултат на тоа се жолти листови и слаби гранчиња. Премногу водород предизвикува прекумерен раст на листовите. Ткивото на растенијата е сунѓересто, неотпорно на надворешни влијанија, подложно на болести и напад од штетници.
Фосфор
Фосфорот е многу важен за создавање на пупки кај цветниците. Освен тоа, поволно делува на способноста за ‘ртење на семето и закоренување на резниците. Недостатокот на фосфор се јавува и кај собните растенија.
Калиум
Калиумот на растенијата им е неопходен за размена на материите. Ја зголемува способноста за асимилација на хлорофилот и отпорноста на растенијата на суша. За негов недостаток укажуваат кафеавите рабови на листовите. Сепак кај собните растенија поретко доаѓа до недостаток на калиум во исхраната.
Магнезиум
Магнезиумот е делумно одговорен за создавање на лисното зеленило. Недостатокот на магнезиум во земјата резултира со болни промени на рабовите на листовите. Кај постарите растенија листовите опаѓаат. Растенијата редовно се прихрануваат во тек на целиот период на растење.
Ова важи за најголемиот број на растенија со цветови и листови. Прихранувањето почнува во март и продолжува во тек на целото лето, па сè до почетокот на октомври. На растенијата кои растат на добро осветлено место потребно им е многу повеќе храна од оние кои растат под сенка.
Со разни истражувања докажано е дека растенијата поставени на прозорци кои се свртени кон југ, каде има повеќе светлина и топлина, им е потребно три до четири пати повеќе храна од оние кои се на северно ориентирани прозорци.
Од крајот на октомври до почетокот на март најголемиот број на растенија се наоѓа во фаза на зимско мирување. Во ова време во потполност се прекинува со прихранување, советуваат од градина.мк
Ако вашите цвеќиња растат бавно, не цветаат и пожолтуваат, обидете се со трикот кој го користат искусните градинари, со кој на растенијата им даваат нов сјај. Тајната е во прихраната, која во овој случај е евтина, природна, а резултатите се веднаш видливи. Станува збор за обичен пекарски квасец.
Квасецот најчесто го користиме во рецепти за подготовка на разни печива, но овој додаток во исхраната може да биде и одличен сојузник во негата на кожата, косата, ноктите, како и за унапредување на здравјето на нашите растенија. Содржи 17 витамини, 16 аминокиселини и 14 минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, цинк, бакар, фосфор и манган.
Растенијата бараат малку повеќе внимание и минерални соли во текот на пролетта и летото. Дали знаевте дека скапите и вештачки ѓубрива кои се купуваат од земјоделска аптека можат да го заменат прихранувањето на цвеќето со обичен квасец?
Промени во растенијата
Недостатокот на хранливи материи во земјата се рефлектира врз промените на самите растенија. Ако растението расте бавно, не цвета, има промени во лисјата, коренот слабо се развива и слично, тоа се индикатори дека му недостасува нешто и му е потребна подобра грижа.
За да се подобри состојбата на растението, важно е да се започне со навремено прихранување. Кога станува збор за цвеќето, обично се дава течно ѓубриво, природно или вештачко. Но, можеме и сами да направиме природно ѓубриво. Пробајте го ѓубривото со квасец, бидејќи искуствата се многу позитивни.
Зошто да се хранат растенијата со квасец?
Секој сака да има здрави и убави растенија, и токму тоа го постигнува квасецот. Добиваме побрз раст, подобро цветање, поубави лисја и посилни корења. Квасецот содржи состојки кои имаат добар ефект врз растот и развојот на растенијата – витамини од комплексот Б, фитохормони и ауксин. Замислете како расте тестото кога го месиме лебот – растенијата растат на сличен начин кога ќе им се даде квасец.
Како да направите раствор од квасец
Раствор од квасец за цвеќе и други растенија се прави со додавање на 1 лажичка шеќер и 1 литар вода на 10 г квасец.
Во зависност од тоа колкава површина ви е потребна за наводнување на растенијата, пропорционално ќе направите доволна количина. Измешајте ги состојките и оставете ја смесата да отстои неколку часа, а потоа промешајте повторно и наводнете ги растенијата. Препорака е овој раствор да се приготвува секогаш свеж.
Прихранувањето на цвеќињата со квасец се прави на секои 10-15 дена. Во текот на летото, може да се користи еднаш неделно. Состојките од квасецот го подобруваат квалитетот на почвата, токму како што им одговара на растенијата. Тие стануваат посилни, а растворот со квасец може да се користи и за домашни растенија и за градинарски растенија.