Едно ново истражување покажало дека искрените личности имаат подобро ментално и физичко здравје, од оние кои секојдневно лажат.
Половината од 110 испитаници имале тешка задача да престанат да лажат во период од 10 седмици, додека другата половина припаѓала на контролната група.
“Искрените” подоцна забележале дека се помалку напнати и анксиозни од претходно. Поранешните истражувања покажале дека луѓето просечно изговараат 11 лаги неделно.
“Мислам дека лажењето предизвикува многу стрес кај луѓето. Искреноста, не само што е добра за врските, туку и за поединецот” – вели д-р Брајан Бруно, вршител на должноста началник на Одделението за психијатрија во Ленокс Хил болницата во Њујорк.
На крајот од 10-неделната студија, некои учесници пронашле многу паметни начини за да ја избегнат потребата од лажење.
Една од истружувачите, Анита Кели, професот по психологија, забележала дека некои веднаш го сфатиле начинот за едноставно кажување на вистината, наместо да преувеличуваат, додека други започнале да се снаоѓаат, така што, на “незгодните” прашања одговарале со нови прашања, за да не повредат некого со својата искреност.
-Мислам дека и најситните лаги се проблематични. Целта е потполно да се ослободиме од нив. Или барем да ги намалиме. Со говорење на вистината ние се растеретуваме, не мора да памтиме што сме излажале, не мора подоцна да нè измачува чувство на вина. Што би можело да биде подобро од тоа, за нашето физичко и психичко здравје – вели Кели.
Размислете, проценете и одберете: вистина или лага. Ова се неколку интересни податоци поврзани со лагата:
Д-р Ана Кандаре Шољага – И родителите нè учат да лажеме
Лажењето е вештина која ја научуваме многу рано во животот. Веќе после третата година од животот децата можат да разликуваат фантазија од реалност, ја развиваат свеста и можат да измислат лага за да одбегнат казна или неодобрување на родителите.
Лажењето со кое го одбегнуваат казнувањето е прилично вообичаено за петгодишниците, на пример. Иако повеќето родители мислат дека своите деца ги “читаат како отворена книга”, сепак истражувањата тоа не го потврдуваат. Имено, се покажало дека родителите не се премногу прецизни во препознавањето на лагите своите деца, без разлика на нивната возраст.
Интересно е притоа, дека иако децата со леснотија и многу рано во животот ја совладуваат вештината за лажење за да ги прикријат своите грешки, лажењето за да се заштити друга личност ја научуваат доста потешко (на пр. Кажи и’ на баба ти дека ти се допаѓа џемперот што ти го подари) – вели Ана Кандаре Шољага, доктор по психологија. Таа додава дека сепак, морална одлука е на секој од нас дали ќе кажеме лага или вистина.
-Ако научиме да лажеме и тоа ни стане навика, веројатно сè повеќе ќе лажеме во иднина, ако за ништо друго, тогаш поради прикривање на претходната лага.
Секој човек ќе каже дека не ги сака луѓето кои лажат. Зошто? Тоа е прашање на доверба, неизговорен договор за темелење на довербата во односите со другите луѓе и за тоа како сакаме другите да се однесуваат кон нас. Сериозните лаги доколку се откријат можат засекогаш да ги разрушат односите, бидејќи кај другата личност ќе биде невозможно повторно да изгради доверба – вели Ана.
ЗНАЦИ НА ЛАЖЕЊЕ
-Нагласување на глаголот како на пр.”не сум” или “не можев” за да се уверат другите во вистинитоста на она што се говори;
-Претерано порекнување на лагата со употреба на реченицата како што е “немам причина за да лажам”.
-Употреба на воздишки и звуци како “Ух”, “хм”, “ах” за време на паузата во говорот.
-Правење грешки во говорот, вклучително и граматички грешки, заборавање на мислата сред реченица и слични “гафови”.
-Заплеткување на јазикот и пелтечење.
-Прочистување на грлото и други звици.
-Сува уста.
-Повторувачки тикови.
-тргање на погледот, одбегнување контакт со очи.
-затворање на рацете, испреплетени прсти.
-прекрстени раце на градите.
-подголтнување
-вкочането држење или хиперактивно
-спуштање на рамењата
-допирање на лицето, усните, ушите или косата
-држење на некој предмет и играње со него, како на пр.со молив, хартија или очила.
-почесто трепкање
-наведнување и често менување на положбата
-често лижење на устата
-стиснати усни
-често воздивнување и длабоко дишење
-често насмевнување и неприкладно смеење
-често допирање, чешкање и триење на носот.