Хормоните се двигатели на нашето тело. Тие се важни за секој процес во организмот. Затоа телото функционира совршено, единствено кога хормоните се во рамнотежа.
Дури и мали хормонални промени можат значително да влијаат врз работата на вашиот организам. Значењето на хормоните треба сериозно да се сфати бидејќи тие влијаат врз квалитетот на нашиот живот, врз физичкото, психичкото и менталното здравје.
Ова се најчестите симптоми за хормонална нерамнотежа. Ако патите од 3 или повеќе симптоми во период од еден или повеќе месеци, секако обратете се на лекар.
КОНТИНУИРАНО ДЕБЕЛЕЕЊЕ
Животниот стил, исхраната и физичката активност значително влијаат врз телесната тежина, но тоа не се единствените важни фактори.
Недијагностицирананите хормонални пореметувања можат значајно да го отежнат слабеењето и одржувањето на здрава телесна тежина. Инсулинската резистенција е еден од најтешките причинители за необјасниво натрупување на килограмите, кое лесно може да се реши со усвојување на здрави прехрамбени навики.
НИСКО ЛИБИДО
Еден од највпечатливите симптоми за хормонално пореметување е ниското либидо, кое често започнува со намален квалитет на сонот. Премалку спиење, како и сон со лош квалитет, директно влијае врз желбата за секс, а хормоналната нерамнотежа често предизвикува проблеми со спиењето.
ХРОНИЧЕН УМОР
Не можете да функционирате во текот на денот ако повремено не паузирате? Не е нормално секој ден, цел ден да се чувствувате уморно и да имате проблем со концентрацијата и памтењето.
АНКСИОЗНОСТ, РАЗДРАЗЛИВОСТ, ДЕПРЕСИЈА
Анксиозноста и депресијата можат да бидат показател дека нашето тело не е во рамнотежа, дека е преполно со токсини, под стрес и дека нешто му недостига.
НЕСОНИЦА
Хормоналната нерамнотежа директно влијае врз сонот, а несоницата го влошува здравјето на целокупниот организам.
ЗГОЛЕМЕНО ПОТЕЊЕ
Зголеменото потење најчесто се јавува кај жени кои се во менопауза. Зголеменото потење, исто така, е еден од првите симптоми на менопаузата.
ДИГЕСТИВНИ ПРЕЧКИ
Гасови, подуеност, опстипација или дијареа се чести симптоми за хормонална нерамнотежа. Но, исто така, може да бидат поврзани и со лоши прехрамбени навики.
ПОТРЕБА ЗА ХРАНА
Најчестите причинители кои предизвикуваат засилена потреба за храна, се: инсулинска резистенција, пореметување во работата на штитната жлезда и зголемено ниво на хормонот на стресот.