Писмо од читателка: „Читам и читам, навистината значи секаде исти проблеми, некаде повеќе, некаде помалку… Помлада сум, се омажив на 18 и заминав со маж ми во странство да живееме со неговите. Сега имам 22.
Мојата свекрва никогаш не престана да нè држи сите дома под контрола, постојано нешто и пречи или му ја полни главата на маж ми…ова не е добро, она не е добро…
Не знам што да правам, а гледам дека веќе не сум доволно добра психички, сè повеќе сум тажна и лекарот ми препорача антидепpеcиви. Сè помалку мотивација за живот и иднина со маж ми не гледам. Сè е поради свекрвата и свекор ми.
Овде немам пријатели, немам семејство. И кога сакам да излезам сама, не некаде далеку, туку кога сакам да го смирам духот, срцето и телото на неколку часа, таа ми прави проблеми, зошто сум морала да излезам, таа мора да знае каде одам и бла..бла бла…
Дома што и да правам, без разлика дали нешто сум исчистила или зготвила, таа никогаш не е задоволна од мене и се однесува како да е единствената жена која може да направи сè и знае најдобро за сè.
А уште полошо, мојот сопруг не смее да си го искаже своето мислење, а не па да и се спротивстави. Тој кога е насамо со мене ми вели „Да драга, те разбирам, во право си за сè“, но кога за истата работа ќе се спротивставам пред мајка му и татко му, тој никогаш не ме поддржува.
Или молчи или застанува на нивна страна и сите обединети се против мене. Се чувствувам напуштено и уморно и физички и пcихички.
Дури си помислувам што и добро е што засега немаме деца, зашто кога би ги имале сигурно тие ќе сакаат да му изиграваат родители на моите деца. Барем маж ми да застануваше на моја страна, мислам дека сè ќе беше поинаку… Што да правам?