Црвената леќа е исклучително богата со железо и затоа посебно им се препорачува на жените кои спортуваат, а имаат склоност кон анемија. Обилува со магнезиум и молибден, а од витамини е исклучително богата со фолна киселина. Предноста на овој вид леќа е нејзиното брзо приготвување. Многу кратко се вари (околу 10-15 минути), и брзо се pacпаѓа доколку ја сакате во вид на пире.




Мајка ми цел живот ја подготвува оваа кремаста чорба со црвена леќа и досега ниеднаш немала проблем со крвната слика. Кога се омажив и јас научив да ја правам, но никогаш не ми излегуваше како нејзината. Си мислев дека погрешно ја варам, но при едно видување со мајка ми, таа ми откри декa на крајот од готвењето, додавала две намирници, кои го правеле вкусот уште поубав. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши црвена леќа, 150 г кромид (1 главица, 170 г моркови, 200 г компири, 3 чешниња лук, 15 г, 220 г домати, сол, црвена зачинска пиперка, црн пипер, куркума, 2 ловорови листови, вода, маслиново масло, 45 г путер, 2 лажици црвена зачинска пиперка.




ПОСТАПКА: Леќата се вари сосем кратко, доволно е околу 30-40 минути за целосно да ја подготвите чорбата. Во еден подлабок сад измерете 2 чаши црвена леќа, па сосе садот измијте ја леќата под млаз вода. Процедете, па прелијте ја леќата со ладна вода  и оставете да отстои 20-тина минути, додека зрната да набубрат.




Во меѓувреме, излупете и исечкајте една главица кромид на ситни коцки. Во подлабоко тенџере загрејте малку маслиново масло, па ставете го кромидот да се пропржи. Гответе на тивко, со почесто мешање, за кромидот да не загори. Кромидот ќе омекне после 10-15 минути пржење. Исечкајте ги морковите по должина, а потоа на ситни коцки, па додајте ги во омекнатиот кромид.




Пржете на умерена температура додека и морковот да стане мек и да добие минимална коричка. Измијте и излупете ги компирите, па исечкајте ги на помали коцки и додајте ги во тенџерето. Потоа, измиените домати исечкајте ги малку покрупно за да не се распаѓаат и додајте ги во останатите состојки во тенџерето, заедно со три цели чешниња лук.

Пржете на умерена температура со зачестено промешување. Доматите при пржењето ќе го испушат својот водлест сок, па гответе сѐ додека сокот да испари. Процедете ја леќата која по 20-тина минути отстојување треба да биде набубрена и додајте ја во тенџерето, со останатите состојки. Пропржете сосем кратко, па зачинете по вкус со сол, куркума, црвена зачинска пиперка и црн пипер.




Прелијте го тенџерето со топла вода, додека да се покријат сите зеленчуци и додајте 2 ловорови листови. Гответе ја супата на умерена топлина, околу 30-тина минути, под капак. Повремено промешувајте, па по изминатото време, отстранете ги ловоровите листови. Проверете дали леќата е сварена, а доколку е земете рачен блендер и изблендирајте ги сите зеленчуци.




Доколку немате рачен блендер, можете зеленчуците да ги пренесете во голем блендер, да ги измиксате, па да ги вратите во тенџерето. По блендирањето, чорбата ќе стане погуста и покремаста. Таа е речиси готова, но за да биде уште повкусна направете запршка од путер и црвена зачинска пиперка.




ЗА ЗАПРШКА: Во едно помало тавче растопете го путерот и додајте 2 лажици црвена зачинска пиперка. Промешајте, па тргнете го тавчето од рингла за зачинската пиперка да не загори. Запршката може да ја искористите како декорација при послужување, а кога ќе се измеша во чинијата со чорбата, дава преубав вкус. Деталите погледнете ги ОВДЕ.