Секој тргнува од себе и кај другите луѓе го гледа она што го чувствува. Една стара мудра мисла вели: „Само убавиот човек (со убава душа) може да го види убавото кај другите“.

Идеално би било кога сите би се однесувале подобро еден кон друг, кога би си помагале едни на други и би имале разбирање, бидејќи само на тој начин може да се создаде мирна и посреќна заедница полна со доверба и разбирање.




Во денешно време се вели дека добрите луѓе се реткост. Се чини дека сè почесто луѓето се неволни да излезат од својата чаура и да ја покажат својата добрина. Штом еднаш добриот човек ја изгуби довербата, повторно се враќа во својата чаура.

Добриот човек може да те остави без да се сврти и да те погледне, па макар и да те сака најмногу на целиот свет. Ќе те натера самиот да си ја сфатиш грешката, а потоа и да се промениш кон подобро, но за жал овојпат без негово присуство.




Добар човек не можете да го препознаете по тоа што зборува, или по тоа како изгледа, туку по атмосферата што се создава во негово присуство. Тоа е доказ. Затоа што никој не може да создаде атмосфера што не му припаѓа на неговиот дух.

Прво можете да ја откриете личноста според неговата енергија, како се чувствувате во негово/нејзино присуство. Дури и кога некој се преправа, кога се обидува да биде премногу љубезен, а всушност има лоши мисли и намери, можете да го почувствувате тоа.




Во ваква ситуација, најважно е да ја следите вашата интуиција, чувството во стомакот што се буди кога нешто не е во ред. Никогаш не го игнорирајте тоа чувство. Кога личноста околу вас создава атмосфера на пријателство, љубов, прекрасна енергија, таква што сакате да ѝ пријдете и повторно да ја видите, кај вас се буди чувството дека таа е добра личност, на која можете да ѝ верувате.




Секој човек тргнува од себе и во другите го гледа она што го чувствува. Откако ќе го разберете тоа, ќе научите важна лекција. Како се однесуваме во животот и кон другите, така сè ќе ни се врати на истиот начин, а дека навистина е така, може да се уверите од приказната која ќе ја прочитате во продолжение:




Еден човек дошол во едно село и по пат налетал на старец, па го прашал: „Никогаш не сум бил овде“. Кажи ми, човеку, какви луѓе живеат во овој град?

Старецот му одговорил со прашање: „А какви луѓе имаше во градот од којшто си замина?“ „Таму живееја само себични и зли луѓе. Среќен сум што го напуштив тој град.“ „Овде ќе наидете на потполно исти такви луѓе“, му одговорил старецот.




По некое време, во ова село дошол друг човек и му го поставил истото прашање на старецот: „Штотуку пристигнав во ова село.“ Кажи ми, татко, какви луѓе живеат овде? Старецот му одговорил исто како и претходно, со прашање: „А, кажи ми синко како се однесуваа луѓето во градот од кој доаѓаш?

„О, тие беа љубезни, гостопримливи и благородни души! Имав многу пријатели таму и не ми беше лесно да се разделам со нив.“ „Овде ќе ги сретнете истите“, му одговорил старецот.




Целата сцена отстрана ја гледал еден жител на селото. Тој не можел да издржи без да го праша старецот зошто така им одговорил на двајцата, а старецот одговорил: „Насекаде има добри и лоши луѓе. Едноставно е, секој го наоѓа тоа што го бара и гледа кај луѓето.“ И продолжил:




Самиот Бог нè советува да бидеме добри едни кон други. Тој нè поттикнува да го сакаме својот ближен како што се сакаме себеси и го поставува ова како основна заповед за да се осигура дека живееме и имаме добри одноcи со другите околу нас.




Секогаш постои отплата за љубезноста и добрината, што се појавува на различни неочекувани начини. Животот е непредвидлив, затоа, не знаете што може да се случи утре. Простувајте си меѓусебе, а и на самите себеси, тоа е најголемиот мир што некогаш ќе го имате.

За да станете навистина добра личност, потребно е да ги следите промените, а со нив да се усовршувате. Добриот човек продолжува понатака. Сепак, мора да имаме предвид дека секоја индивидуа има свој, чисто личен поглед на сè.