Не мора да значи дека ако еден човек е образован, има диплома и многу пари, дека всушност има и знаење. Што значи да се биде школуван, а што образован? Школуваноста се стекнува со „бубање“ – учење напамет и секако, со упорност или како што би рекле постарите „со загревање на столчето“.
Образованието се стекнува со непрекинато ширење на видиците, љубопитност да се научат нови нешта и желба од себе да претворите сестрана и квалитетна личност. Денес за жaл, луѓето не сакаат да прочитат текст подолг од 3 реченици.
Можеби огромен проблем на денешницата е тоа што младите веќе не читаат, речиси воопшто. Тоа се млади луѓе на кои им се остава иднината, кои ќе yпpaвуваат со државата, ќе лекуваат луѓе, ќе градат мостови, ќе ги образоваат нашите деца.
Дојдено е време кога навистина можеме да го говориме за многубројноста на „необразованиот човек“. Филозофот и социологот Тофлер, многу убаво ги идентификуваше ваквите необразовани луѓе преку интересна анегдота:
„Еднаш, јас и мојот пријател yживавме во пролетниот ден. Во еден момент ни пријде еден пар и нè праша каде се наоѓа одредена улица. Убаво и стилски бела дотерани, приближно на наша возраст.
Улицата што тие ја бараа беше толку блиску, само да скршнеа зад аголот и ќе се најдеа на бараното место. Но наместо да им го каже тоа, мојот пријател ги праша: „Во рацете имате „паметен“ телефон?„“, а тие потврдно кимнаа со главите.
„Отворете ја апликацијата со мапа и напишете ја улицијата што ја барате“, им рече пријателот, а тие како брачен пар од основно училиште послушаа и го сторија тоа. „Дали ја најдовте улицата?“
Двојката кимна со главата и се заблагодари. Кога малку се оддалечија, го прашав мојот пријател зошто го направи тоа. Тој одговори: „И двајцата имаа „паметен“ телефон во рацете за кој платиле многу, но сè уште не знаат како да го користат според неговата намена“.
Филозофот и социолог Алвин Тофлер рече: „Неписмените во 21. век нема да бидат оние кои не знаат да читаат и пишуваат, туку оние кои не можат да учат, да од-учат и да ре-учат“. Човекот мора да знае како да научи и како да се одучи. Постојано да се развива.
Поетот Константин Симонов рече: „Образованиот човек се разликува од необразованиот по тоа што своето образование сè уште го смета за нецелосно“. Тоа значи дека за образован човек образованието не завршува со денот кога ќе ја добие дипломата.
Сè уште од време на време купува книги и учебници. Тој чита, се регистрира за семинари и курсеви и е подготвен да научи повеќе. Образованиот човек ги поместува границите на својот yм и сака да стекне повеќе нови знаења. Всушност, тој е свесен колку сè уште може и треба да научи.
„Промената не е неопходна само за животот – тоа Е животот“. – А. Толфер. Образованата личност лесно се препознава. За неа нема прашања што не ги разбира или упатства што не може да ги прочита.
Ако тоа се случи, таа поскоро ќе истражува за она што не го разбира и ќе праша за да дојде до одговори. Таа нема да остане неука, туку ќе биде подготвена да го научи она што не го знае и не го разбира.