Познатата нутриционистка од Србија, Бранка Мирковиќ пред неколку дена гостуваше во една српска емисија каде говореше за здравата исхрана и какви грешки најчесто правиме кога станува збор за храната.

нутриционистка Бранка Мирковиќ

Таа со своите изјави ги изненади многу гледачи, особено со нејзиниот исказ дека дозволено е, и неопходно е да јадеме сланина, џимиринки, свинско печено.. за да бидеме здрави. Еве што вели таа:

„Нас најдобро ни одговара која ја јадеме храната што ја јаделе нашите предци, а тука спаѓаат и џимиринките (чварките). Тие ни се запишани во генетскиот код. Лишyвањето од оваа храна предизвикува разни проблеми и болести. Секако, што и да јадете тоа треба да биде умерено и балансирано“, рече таа.

„Сланината и џимиринките се омилени намирници во многу делови од нашата земја, а освен што се служат како оброк, одлични се и како додаток на разни јадења. За оние кои се грижат за своето здравје, сланината се наоѓа многу ниско на списокот со приоритетни намирници – поради нејзината значителна содржина на масти.

Сепак, неконcyмирањето на маснотии во исхраната може да има спротивен ефект. Кога сланината се јаде умерено, телото има корист од неа“, советува нутриционистката. Фосфорот, кој се наоѓа во сланината, помага во работата на срцето и бубрезите, но и во здравото формирање на коcките и забите.

Содржи и железо, кое го подобрува имунолошкиот систем и помага во производството на хемоглобин во кpвта. Присутен е и селенот кој го подобрува имунитетот, а како антиоксиданс ја спречува оксидацијата на мастите во организмот.

Омега-3 масните киселини ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат холестеролот, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања. Сланината содржи и витамини од Б-комплексот, пред се Б1 – кој е неопходен за добра циркулација и функционирање на нepвниот систем, како и Б12 и тиамин – кои го подобруваат метаболизмот, варењето на храната и циркулацијата.

Содржи и витамин Е, кој е моќен антиоксиданс. Но, најчесто младите во обид да се хранат здраво ги заменуваат нашите традиционални јадења со некои помодерни, па подготвуваат јадења кои се типични за народите од другите меридијани.

Модата или желбата за поздрав начин на исхрана воведоа различни видови на семки, овошја од тропските предели, па често можеме да слушнеме дека авокадото е одлично, додека здравото домашно јаболко е нешто што ретко се јаде“, посочи таа.

Нутриционистката Бранка Мирковиќ објасни дека нашите навики во исхраната се запишани во нашиот генетски код и дека треба да се храниме како што јаделе нашите предци. „Џимиринките се запишани во нашиот генетски код, како и сармата и други традиционални јадења.

нутриционистка Бранка Мирковиќ

Ние сме најздрави кога се храниме со храната што ја јаделе нашите предци. Исто така морам да разјаснам и за нетолерантноста кон млечните производи. Кога некој од нашите ќе рече дека има проблем со лактоза, нетолерантен е на овие производи, не е секогаш тоа така.

Французите, Англичаните може да бидат нетолерантни на лактоза, но ние никогаш не сме имале проблем со млечните производи, нашиот организам е навикант на нив.

Нашиот организам е прилагоден да ја свари лактозата односно да го привлече калциумот од млечните производи и да го искористи. За оние кои што мислат дека се алергични, мојата препорака е да одите и да направите детална лабораториска анализа, а не тестови за алергија.

Сè што јадеме треба да биде балансирано. На пример, нашите предци јаделе сланина, свинско месо, џимиринки (чварки), но во мали количини. Затоа постојат и посните денови кои се наменети за чистење на организмот. Кој може да ги прави, особено здравите луѓе не треба да избегнуваат да постат.

Е сега, кога ќе дојде некоја мрсна слава или празник, оние што постеле, веднаш посегнуваат по свинското и се прејадуваат. Тоа е многу штет-но за организмот. Секогаш послужувајте се по малку од храната, така нема да ги нав-редите домаќините, а и ќе си го зачувате здравјето.

Никогаш не треба да се прејадувате, без разлика дали сте на слава или дома. Многумина ме прашаат која е границата, кога треба да престанат да јадат. Тоа може да го одредите според тоа колку ви собира храна во двете раце, како што велиме еден грозд, бидејќи толкав ни е отприлика желудникот.

Никогаш не се прејадувајте бидејќи така ги носите болестите накај вас. Луѓето имаат тенденција за прејадување и после се разболуваат. Откога ќе јадете, вашиот желудник работи уште 3 и пол часа за да ја свари храната. Потоа му треба уште 1 и пол час одмор.

нутриционистка Бранка Мирковиќ

Така што 2 оброци во денот со растојание од 5-6 часа се доволни. Јадењето многу и често е најчесто од лошите информации кои сме ги добиле, по пет оброци на ден. Тоа не треба да биде така“, советува нутриционистката Бранка.

„Кога ќе се разбудиме наутро треба да испиеме една чаша вода и не мора веднаш да јадеме. Појадокот треба да биде 4 часа по будењето или едноставно прескокнете го и прејдете директно на ручекот. Децата кои се во развој треба да јадат повеќе, но здравите луѓе не мора.

Исфрлете ги грицките, чипсовите, смоките од исхраната. Подобро изедете едно јаболко наместо авокадо. Ние повеќе не го цениме овошјето и зеленчукот што ги имаме“, вели нутриционистката. Нејзиното интервју можете да го погледнете во видеото ОВДЕ.